Никогаш не сум патувала со воз. Кога некој ќе слушне, се запрепастува: „Како тоа? Зарем никогаш?“ Да, никогаш. Би сакала, иако вие што секоја трета недела се возите постојано се жалите дека нешто не ви чини, јас не дозволувам да ми ја уништите совршената визија во мислите: црвени седишта, весели патници, идилични глетки кои го одземаат здивот - за мене возот е нешто магично, неверојатно, сосема неопислив. А толку долго ги гледам возовите од далеку, што ги знам сите...