Eдина Муса повторно за маките со туркање бебешка количка во Скопје: „Eве господинот каде се паркирал!“
- Детали
- среда, 09 април 2025
„Eве господинот каде се паркирал! Каде треба да чекам за на пешачки премин? Да не можам да видам ниту автомобил дали поминува од таму...“, коментира нервозно Едина Муса, кога шетајќи со синот низ Скопје наиде на уште една немила ситуација. Потоа, Едина откри зошто морала да се породи со итен царски рез, иако сакала природно.
Шетање низ Скопје со бебешка количка е хорор од најголеми размери... Соочување со некултура и тон нервоза - ќе ви бидат сервирани инстантно.
Во една пригода, во колумна на CRNOBELO.com напишав:
„Ах, тие скопски улици во комбинација со бебешка количка... Ќе ме разберете, зарем не? Потребни ви се супер моќи! Ама буквалнооо!
Особено ако сте вљубеник во пешачењето како мене, па и по 10.000 чекори на ден ви се секојдневие, тогаш комплетно ме разбирате.
Постојано се симнувам и качувам на тротоар, правам разни маневри за да избегнам дупки, на многу места сум присилена да возам по улица и да сум под стрес дали некој возач на автомобил можеби нема да ме забележи...
Па, потоа паркирани автомобили на места каде што е забрането, па недоволно добро обележани пешачки премини и што уште не.
И нивото на стрес расте од 0 до 100 во рок од 10 минути по излегувањето од дома“.
Прочитајте тука Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“
Сега, Едина Муса на Инстаграм Стори сними и сподели таква ситуација, револтирано коментирајќи, па само климнав со глава дека комплетно ја сфаќам, а верувам дека ќе се согласат и речиси сите родители на бебиња во Скопје.
Едина шетајќи низ Скопје со синот се соочи со ситуација да не може да помине на тротоар за да стигне до пешачкиот премин, поради непрописно паркиран автомобил.
На видеото таа коментира:
„Eве господинот каде се паркирал! Каде треба да чекам за на пешачки премин? Да не можам да видам ниту автомобил дали поминува од таму.
Значи страшно! На пешачки премин!
Браво бе дечко или браво бе девојко – не знам кој е...“
Едина во видеа на Инстаграм Стори oткри дека сообраќајната некултура порано и не ѝ пречела толку, но сега кога мора да се грижи за едно мало човече на работите гледа сосема поинаку.
Порачува сите ние како луѓе да имаме малку повеќе разбирање за луѓето околу нас.
Потоа, Едина Муса проговори за породувањето.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





