Српската водителка Ана Севиќ: „Со бившиот сопруг се смирив кога се појави во животот на ќерка ни, благодарение на неговата нова жена“
- Детали
- среда, 09 април 2025
Дарко Лазиќ седејќи меѓу сегашната сопруга и бившата Ана Севиќ вели: „Јас отсекогаш сум важел за личност која води многу бурен живот, кој не излегува од кафеана, кој постојано менува жени... Тоа така течеше и почна да оди во лош правец. Но, сега конечно се справив со зависностите“. Тој додава дека Ана е најдобрата бивша сопруга.
Српскиот пејач Дарко Лазиќ се појави во „Амиџи шоу“, емисијата на Огњен Амиџиќ, заедно со сегашната сопруга Катарина Лазиќ и поранешната сопруга Ана Севиќ.
Ана има нов сопруг и сите сега се во фантастични односи, а Дарко не крие дека го нервира кога луѓето велат дека се „како шпанска серија“.
Дарко Лазиќ водеше многу бурен живот со алкохол, зависности, жени и неверства, но сега се смири покрај сопругата Катарина, со која пред неколку месеци доби ќерка. Инаку, стана познат по победата во „Ѕвездите на Гранд“ во 2009 година.
Таа всушност му била девојка и во средношколските денови и кога се смириле, верувала дека ќе успее да го извлече на вистинскиот пат.
Дарко веќе 7 месеци има вградени блокатори во себе и не консумира алкохол.
Инаку, прв брак на Дарко му е со Ана Севиќ, со која ја добил ќерката Лорена, а потоа од вонбрачна врска го добил синот Алексеј.
Ќерката од бракот со Катарина му е трето дете.
Ана истакна колку е горда што со Дарко сега имаат пријателски односи и што тој сè лошо оставил зад себе, па сега живее мирен семеен живот.
Инаку, Ана Севиќ е српска пејачка и водителка (родена на 20 ноември 1985 година во Ужице), која својата музичка кариера ја започнала во 2010 година како учесничка во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Потоа, почна и со ангажмани како водителка во шоуто.
Ана беше во брак со Дарко од 2014 до 2019 година.
Во 2021 година се омажи за Данијел Недељковиќ, со кого има две деца: ќерката Сена и синот Симеон, а со нив живее и ќерката од бракот со Дарко.
Сега, во „Амиџи шоу“, Дарко Лазиќ покрај поранешната и сегашната сопруга проговори за борбата со алкохолизмот и одлуката да побара стручна помош.
Дарко Лазиќ изјави:
„Јас отсекогаш сум важел за личност која води многу бурен живот, кој не излегува од кафеана, кој постојано менува жени... Тоа така течеше и почна да оди во лош правец.
Пред извесен период се најдов во друштво со кое не се познавам, со кои по настап отидов не знам ни јас каде, и по вториот ден дружење со нив се запрашав: „Дали знаеш каде си, пријателе?“.
Наредниот ден контактирав доктор, отидов на разговор со него и му реков дека имам проблем со алкохол и со пороци. Тоа не можам сам да го спречам и да престанам, бидејќи сум во таква средина.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





