Српската водителка Ана Севиќ: „Со бившиот сопруг се смирив кога се појави во животот на ќерка ни, благодарение на неговата нова жена“
Човекот рече дека има терапија за тоа. Еве веќе седум месеци сум под блокатори (алатки против зависности кои се вградуваат во телото и делуваат одреден период, па потребна е замена) и целосно сум исчистен.
Кога ќе пресечеш во главата – можеш сè да направиш. Постојат луѓе кои се стручни за тоа.
На моите блокатори им истече дејството, но јас сепак не консумирам алкохол. Си поставив цел дека до својата 40-та година нема да вкусам ниту капка алкохол. Ако ги исполнам целите до тогаш, тогаш ќе почнам полека да пијам вино.
Се случувало да пијам во ненормални количини – некогаш не било толку многу, а некогаш се наоѓав во хотелска соба со луѓе кои не ги познавам и не знам ни како се викаат.
Мојата сегашна сопруга Катарина беше тука покрај мене, помина многу тежок период додека бев во тој свет.
Рече дека ќе се избори за мене и дека што и да се случи, ако треба заедно ќе поминеме низ пекол до целта. Тоа и се оствари, сега водам здрав живот.
Ова што ќе го кажам сега е една голема вистина. Во тие некои мои луди моменти јас го запоставив семејството, своите деца, својот бенд, кариерата, бев толку себичен што за никого не размислував. Секогаш другите ми беа виновни за сè.
Сите тие постапуваа правилно – јас бев виновен за сè. Потрошив милиони“.
Инаку во еден од најлошите периоди на Дарко, тој бил во брак со Ана Севиќ, која буквално поминала пекол со него.
Ана Севиќ откри:
„Искрено, јас не се сеќавам на тој период. Јас го избришав тој дел од животот. Немам ни убави, ни лоши спомени, едноставно – немам.
И драго ми е што сега е на ова место каде што е и во ваква состојба, затоа што отсекогаш го посакував тоа за него. Но, во тој момент тоа не беше можно.
Драго ми е што сега живее живот каков што живее. Гледам промена.
Ние сме во истата професија и додека бевме во брак дознавав многу работи за кои тој ни на крај памет не би помислил дека можам да ги дознаам“.
Дарко Лазиќ се надоврза и призна дека поранешната сопруга имала многу разбирање и трпение за него.
Дарко вели:
„Морам да кажам дека и Ана имаше многу трпение за мене, проголта многу и премина преку многу мои грешки.
Тогаш бев во многу лошо опкружување, но ѝ благодарам и на неа што се обидуваше. Но, додека човек сам не реши да престане и не посака сам да си помогне, да се победи себеси - ништо“.
Потоа, Ана и Дарко проговорија за нивниот однос...
Дарко вели:
„Луѓето на Балканот велат: „Што се правите, шпанска серија?!“ Почекај малку... Шпанска серија?!
Моето дете живее кај Данијел и Ана, пресреќно е што Данијел е тука со неа и се однесува кон неа како кон сопствените деца.
Кога сме сите заедно, ќерка ми Лорена е најсреќна. Не гледам зошто не би се дружеле?
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





