„Кај нас дома телевизорот е вклучен секој ден. Често само како позадинска врева додека децата си играат и трчаат низ домот. И некој ме искритикува за тоа, но верувајте ми во идеален свет, јас би го елиминирала времето пред ТВ и би била мајка што прави занаетчиски активности со децата. Но, ние не живееме во идеален свет, нели?“, е дел од исповедта на Џејд Лили од Велика Британија, која коментира за критиките дека е лоша мајка.