Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“
Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе можам да им верувам на луѓето.
Мамо, не ми забранувај да плачам, да се лутам, да бидам тажен или среќен. Зборувај со мене за чувствата. И кога ќе пораснам, ќе се разбирам себеси и ќе знам дека сè е во ред со мене.
Мамо, забележи што се случува со мене. Ќе пораснам и ќе можам да бидам емоционално близок со другите луѓе.
Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога ќе згрешам или нема да успеам. Не ме казнувај. Кога ќе пораснам, ќе верувам во себе и ќе можам да ги поддржувам другите.
Мамо, прашувај ме што ми се допаѓа и што ми треба. И кога ќе пораснам, ќе ги разбирам своите вистински желби.
Мамо, дај ми слобода, не ме контролирај цело време. И кога ќе пораснам, ќе станам одговорна личност.
Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете, слабо и беспомошно. А јас ќе станам самостоен и независен.
Мамо, само сакај ме. И кога ќе пораснам, ќе се чувствувам вреден.
Мамо, остани со мене додека сум дете. И кога ќе пораснам, нема да страдам од осаменост.
И уште нешто. Мамо, прегрнувај ме почесто, те молам.
Прочитајте и Писмо од учителката на вашето дете до вас (мора да го прочита секој родител)
Извор / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





