Што знаеме за бремената убавица, која наводно е причината за развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер?
- Детали
- среда, 23 април 2025
Со сопругот од кој има две деца нема ниту една фотка, но Инстаграм профилот ѝ е преплавен со фотки со Бастијан, заради кои изгледа како да е опседната со него - која е згодната спортска новинарка, за која се шпекулира дека е љубовница на Швајншајгер и причина за неговиот развод со Ана Ивановиќ?
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер решија да стават крај на бракот кој траеше од 2016-та година, во кој добија три деца, а веста први ја споделија германските медиуми, кои дознале од свои извори.
Иако изгледаа како да живеат бајка и дека се еден од најусогласените парови, сепак нивната љубов не издржа.
И покрај тоа што двајцата се немаа огласено за вестите, а неговиот портпарол вели дека тие не планираат да коментираат за приватниот живот, германските медиуми постојано пишуваат за нив, па дури и за можната причина за нивна разделба.
Тие кренаа прашина околу колешката на Швајнштајгер, спортската новинарка Естер Седлачек.
Веќе подолг период се шпекулира за нивната хемија и можен флерт, со оглед на тоа што постојано соработуваат и се дружат на спортски настани, а таа објавува многу фотки со него на социјалните мрежи.
Гласините уште повеќе се разгореа, бидејќи германската убавица е бремена, но на социјалните мрежи и во јавноста не покажува ништо од семејниот живот и од партнерот, a првата фотка од трудничкото стомаче ја сподели при крајот на март 2025.
Иако нема никакви докази кои може да укажуваат дека гласини се вистина, сепак нивните заеднички моменти и споделени фотки кои делуваат како таа да е опседната со него, ги поттикнуваат уште повеќе фановите да коментираат.
Што знаеме за неа?
Естер Седлачек е топ ТВ ѕвезда во Германија, која изградила импресивна кариера во спортското новинарство, а родена е на 24 ноември 2985 година, во Берлин.
Таа работи за мрежата ARD, каде често гостин по фудбалски натпревари ѝ е токму Бастијан, со кого има многу близок и опуштен однос, дури и пред камери.
Пред да стигне до тоа, таа имала тежок живот во младоста, а пораснала без татко.
Работела како наставничка по англиски јазик во Шри Ланка и имала неколку новинарски помали соработки пред да стигне до големата сцена.
Во својата кариера, досега таа покривала многу спортски настани на телевизија, како Бундеслига, но се појави и како водител на програмата за Светското првенство vo 2022, заедно со Бастијан Швајнштајгер.
Повеќе за нивниот флерт прочитајте на следната страница...
Би можело да ве интересира:





