На гости кај Верче: Велигденски украсен дом во Скопје - јајца направени со декупаж техника, уникатни детали (фото)
- Детали
- сабота, 19 април 2025
„Овој празник ми дава можност да бидам креативна, да споделам убавина со моите најблиски и да создадам топла, семејна атмосфера, полна со боја и љубов. Мојот син годинава, на Велигден, полни 2 години, па затоа празников ми е уште поубав“, вели Верче Додевска (30) од Скопје за CRNOBELO.com.
Верче Додевска (30) од Скопје е агроном инженер и сопственичка на мал креативен бизнис за елегантни и уникатни подароци „Galaxy&Golden Rose“, мајка на Тадеј (2) и сопруга на Дарко.
Таа периодов го претвори својот дом во вистинска велигденска бајка.
Верче за CRNOBELO.com споделува:
„Како што верувам дека секој подарок треба да носи емоција и магија, така сметам дека треба да биде и во домот - да има магија, особено за време на празниците.
Токму тоа се трудам да го внесам и во моите велигденски креации, кои со задоволство ги правам и редам секоја година.
Паралелно со мојата креативна работа во бизнисот, обожавам да создавам убавина и дома.
Мојата љубов кон уметноста и естетиката ја пренесувам и во моето секојдневие.
Зошто го сакам Велигден?
Велигден ми е еден од најдрагите празници бидејќи носи светлина, надеж и нов почеток.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





