„Мојата прабаба сè додека беше силна физички, работеше во својата градина која беше нејзина гордост, па така и јас одлучив да тргнам по нејзините стапки и сега уживам во градинарството“, вели Викторија Кочишка Димитријева за CRNOBELO.com.
„Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта боја, украсени со сијалички, се доволни да внесат есенски бои и топло расположение во вашиот простор“, вели Перо Митаноски.
Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто што ќе ви го декорира домот, тогаш шефлерата може да биде вистинскиот избор за вас. Таа расте брзо, при што за кратко време ќе може да уживате во нејзиниот раскош и убавина.
Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева светлина ќе поттикне најмногу цветање, па затоа, погрижете се растението да добие најмалку шест или повеќе часа директно сонце.
Она на што треба да внимавате е тоа што ова растение е отровно, односно, неговиот сок може да предизвика алергиски реакции, па затоа не се препорачува да се одгледува во просторија каде што престојуваат деца.
Со нејзиниот изглед потсетува на палма, но, всушност, нолината им припаѓа на сукулентите. Може да се одгледува и како бонсаи, а грижата за ова растение е вистинско задоволство и воопшто не е тешко, па погодна е и за почетници.
За добро да ви успее кампанулата, треба да ја посадите на сончево место. Доколку пак сакате да ја одгледувате како режано цвеќе, во тој случај засадете ја во посебен простор.
Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате проблем со алгите, вашиот најдобар пријател е белиот оцет. Тој брзо може да ги убие алгите, а не е штетен за птиците, инсектите и поголем дел од растенијата.
Клучот за успешно одгледување на кротон е одржувањето на иста температура во секое време од годината. Кротонот е едно од ретките собни растенија на кои им е потребна светла положба.
Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како густа грмушка, создава природна бариера на балконот.
За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што добива малку сонце...
Ако ви е потребно растение кое ќе биде издржливо на сонце, тогаш со пустинската роза нема да погрешите. Таа е отпорна и на високи температури, и на прекумерна суша.
Хортензиите можат да ви ја разубават градината или балконот, но важно е да знаете дека се токсични за животни, па доколку имате миленик, чувајте ги надвор од негов дофат. Што друго треба да знаете за овој убав цвет?
Петуниите бараат сончеви позиции, но имајте предвид дека за време на топлите летни денови ќе им биде потребна и слаба сенка. Петуниите не поднесуваат силен ветер или дожд кој може да им ги уништи цветовите.
Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило … Дворче сместено на периферијата од село Стојаково е вистински рај за уживање, особено за децата.
Што треба да направите пред да ги ставите во вазна и како треба да ги негувате за божурите да останат раскошни подолго време откако ќе ги купите?
Ако имате мал балкон не очајувајте – само 4 ситници може да му дадат француски шмек и да се чувствувате како да сте во хотел во Париз.
Светлата боја на декоративен камен со текот на времето може да изгуби дел од својот прекрасен природен светол сјај, затоа што е изложена на секакви надворешни услови. Но, добрата вест е што може да го решите овој проблем и тоа со неколку едноставни чекори.