Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници

Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто што ќе ви го декорира домот, тогаш шефлерата може да биде вистинскиот избор за вас. Таа расте брзо, при што за кратко време ќе може да уживате во нејзиниот раскош и убавина.

soveti-za-odgleduvanje-sheflera-cvekje-koe-raste-brzo-i-e-pogodno-za-pochetnici-01.jpg

Шефлерата е популарно растение и е препознатлива по нејзините големи листови кои се држат на долго стебло, како крошна чадор.

Постојат два вида шефлера: Schefflera arboricola и Schefflera actinophylla.

Шефлертите се лесни за одржување, бидејќи и да ги „подзаборавите“ малку, тие нема да почувствуваат.

Но, внимавајте бидејќи сокот од ова растение може да ја иритира кожата, а исто така е благо токсично за луѓето, па не го ставајте во близина на деца, но исто така е токсично и за кучињата, мачките и коњите.

Како да се грижите за шефлера?

Шефлерата е брзорастечко домашно растение, па можеби ќе треба почесто да го кроите за да го одржувате во посакуваната големина.

Шефлерата не сака премногу вода бидејќи тоа може да предизвика гниење на корените.

Ако забележите дека има пожолтени листови и дека ѝ опаѓаат, можеби сте претерале со наводнувањето.

Имајте предвид дека треба да ставате вода штом почвата целосно ќе се исуши, а може да проверете и дали е суво под површината.

Во зима, наводнувајте ја шефлерата премногу ретко.

Што се однесува до прихранувањето, доволно е еднаш месечно да ѝ ставите ѓубриво за општа намена.

soveti-za-odgleduvanje-sheflera-cvekje-koe-raste-brzo-i-e-pogodno-za-pochetnici-02_copy.jpg

Светлина, температура и влажност

Што се однесува до светлината, на шефлерата ѝ е потребна индиректна силна светлина во текот на денот, но никако не изложувајте ја на директните сончеви зраци кои може да ѝ ги уништат листовите.

Меѓутоа, поради недостаток на светлина, листовите може да ѝ овенат, па тоа е јасен знак дека треба да ја поместите на посветло место.

Шефлерата со зелено-жолта боја може да толерира и малку директна светлина, но сепак, бидете внимателни.

soveti-za-odgleduvanje-sheflera-cvekje-koe-raste-brzo-i-e-pogodno-za-pochetnici-06.jpg

Што се однесува пак до температурата, шефлерата е најзадоволна кога е изложена на температура во интервал од 18 до 23 степени.

Не сака ниски температури, ниту превисоки, па затоа, во текот на зимата не ја чувајте во близина на радијатори или греалки.

Како и повеќето тропски растенија, така и шефлерата сака висока влажност. Редовно попрскувајте ѝ ги листовите со дестилирана или отстоена вода.

Во текот на зимата, ако воздухот во просторијата е сув како резултат на загревањето, може да ставите навлажнувач за воздух во близина на шефлерата.

soveti-za-odgleduvanje-sheflera-cvekje-koe-raste-brzo-i-e-pogodno-za-pochetnici-03_copy.jpg

Размножување на шефлера

Шефлерата може да ја размножувате со исечоци. Исечете гранче долго околу 10 сантиметри, во близина на главното стебло.

Така исеченото гранче ставете го во мал сад со компост. Половина од стеблото нека биде над нивото на компостот.

Полијте со вода и ставете кесичка над врвот на саксијата, додека исечокот не се вкорени. Исто така, исечокот може да го ставите и во мала чашка со вода за да развие корени.

soveti-za-odgleduvanje-sheflera-cvekje-koe-raste-brzo-i-e-pogodno-za-pochetnici-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“ Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани цела година во нејзино...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg