Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Завиткајте ги во весник и уште 4 трикови со кои лалињата подолго ќе бидат свежи во вазна

Пред да ги ставите во вазна, завиткајте ги лалињата во весник и оставете ги така неколку часа, најдобро преку ноќ.

zavitkajte-gi-vo-vesnik-i-ushte-4-trikovi-so-koi-lalinjata-podolgo-kje-bidat-svezhi-vo-vazna01.jpg

Нема поубава пролетна декорација од свежите лалиња. Единствен проблем е што не траат многу долго.

Постојат начини да им го продолжите животот, како отстранување на дел од зелените листови.

Но, има и трикови со работи што сигурно ги имате во домот, кои можат значително да им го продолжат животот:

Завиткајте ги во весник

Откако ќе ги извадите лалињата од целофанот и ќе им ги отстраните долните листови, целосно завиткајте ги во весник.

Оставете ги најмалку два часа, но уште подобро цела вечер, па дури потоа ставете ги во вода.

zavitkajte-gi-vo-vesnik-i-ushte-4-trikovi-so-koi-lalinjata-podolgo-kje-bidat-svezhi-vo-vazna-6.JPG

Ставете шеќер во водата

Откако ќе им се пресече коренот, на лалињата ќе им недостасуваат хранливите материи од почвата.

За да ја надоместите оваа загуба, во вазната со вода ставете една лажица шеќер.

Секако, ова не може да замени корен и почва, но значително ќе им го продолжи животот.

zavitkajte-gi-vo-vesnik-i-ushte-4-trikovi-so-koi-lalinjata-podolgo-kje-bidat-svezhi-vo-vazna-03.JPG

Додајте јаболков оцет

Покрај шеќер, во вазната истовремено можете да ставите и една лажица јаболков оцет.

Шеќерот ќе ги храни цветовите, додека јаболковиот оцет ќе го забави развојот на бактерии, со што ќе го одложи венењето.

zavitkajte-gi-vo-vesnik-i-ushte-4-trikovi-so-koi-lalinjata-podolgo-kje-bidat-svezhi-vo-vazna-05.JPG

Ставете монети

Бакарот го спречува размножувањето на бактериите и ја одржува свежината на цветовите.

Можете да ставите неколку монети од денари, но најдобро ако имате центи (од евра) бидејќи содржат повеќе бакар.

zavitkajte-gi-vo-vesnik-i-ushte-4-trikovi-so-koi-lalinjata-podolgo-kje-bidat-svezhi-vo-vazna-04.JPG

Лимонов сок

И лимонот има антибактериски својства, па во водата можете да ставите неколку капки лимонов сок.

zavitkajte-gi-vo-vesnik-i-ushte-4-trikovi-so-koi-lalinjata-podolgo-kje-bidat-svezhi-vo-vazna-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои божурите во вазна ќе останат свежи и раскошни подолго време Што треба да направите пред да ги ставите во вазна и како треба да ги негувате з...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Како да ги чистите и одржувате бели декоративните каменчиња во градината? Светлата боја на декоративен камен со текот на времето може да изгуби дел од сво...
Совети за одгледување хортензии: Каде да ги засадите за да цветаат повеќе? Хортензиите можат да ви ја разубават градината или балконот, но важно е да знает...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg