Марго од Франција се преселила во Прилеп заради таткото Македонец: „Сега сум модел во Париз и учам за адвокат“
- Детали
- недела, 27 април 2025
Мајката на Марго е Французинка, но кога Марго имала 9 години нејзиното семејство одлучило да започне нов живот и да се преселат во Македонија, поточно во Прилеп. „Веќе две години повторно живеам во Франција, каде студирам право, со амбиција да станам дипломат. Мој дом сега е Париз“, вели Maрго Бојаџиева (22) за CRNOBELO.com.
Maрго Бојаџиева (22) родена e во Цреил, Франција. Франција е нејзината родна земја, но како дете се преселила со семејството во Македонија. Мајка ѝ е Французинка, а татко ѝ Македонец.
Цреил е град во северна Франција, на околу 45 километри од Париз, и има население од околу 36.500 жители.
Кога Марго имала 9 години нејзиното семејство одлучило да започне нов живот и да се преселат во Македонија, поточно во Прилеп.
Марго започнала нов живот тука. Таа не знаела ниту збор на македонски јазик, па се запознавала со нејзината втора националност и со своите корени.
Се прилагодила на сосема новата околина, култура и јазик, а основно училиште завршила во Прилеп, каде го научила македонскиот јазик совршено.
Гимназијата ја започнала во Скопје, но ја завршила во Прилеп.
Се запишала на факултет во Скопје, но брзо сфатила дека е време да се врати во Франција и дека таму ја чекаат нови предизвици и авантури.
Веќе две години живее повторно во Франција, каде студира право, со амбиција да стане дипломат. Нејзин дом сега е Париз.
Марго за CRNOBELO.com споделува детали од животот таму:
Како и каде започна твојата кариера во модата?
Модел сум од мои 13 години. Мојата модна кариера започна во Скопје во агенцијата „Моделс ИН“.
Сега, потпишав договор со модна агенција во Париз, која се вика „Modeling agency Paris“.
Инаку, висока сум 176cm, а пропорциите ми се 81-62-93.
Што беше најголемиот предизвик кога се пресели во Париз?
Најголемиот предизвик ми беше да се прилагодам на милионски град, бидејќи живеам во Париз сега, како и на францускиот менталитет, што е многу поразличен од балканскиот .
Французите знаат да бидат ладни и антипатични.
Како изгледа еден типичен ден за манекенка во Париз? Како те прифати модната сцена таму?
Мојот типичен ден е многу исполнет.
Станувам доста рано и одам на факултет, потоа се случува да имам кастинзи преку ден, особено сега пред Paris Fashion Week.
Затоа секогаш носам еден пар штикли во мојата торба.
Се случува да одам на еден кастинг, па на предавање, па на друг кастинг (ха-ха).
Мојот ден не завршува тука. Се враќам дома и се спремам за вежбање и спорт што е многу важно кога си модел.
Вечерта ја поминувам со пријателите во некој коктел бар или ресторан .
Модната сцена ме прифати добро. Модата еволуира и се среќаваат секакви профили на луѓе од целиот свет тука, па успеав да го пронајдам моето место.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





