Мија (20) е успешен модел и поранешен кик-бокс шампион на Македонија: „Девојката на Марко Митев ми е нов епитет“
- Детали
- сабота, 01 февруари 2025
„Со Марко сме заедно скоро 3 години. Не е лесно да си во врска со професионален спортист, но секогаш сум на трибини кога игра. Истата поддршка ја добивам и јас од него - тоа е една од поважните работи кога станува збор за кариера и љубовна врска“, вели нашата манекенка Мија Стерјовска.
Стерјовска Мија (20) e студент по бизнис менаџмент, наш модел, Мис на Медитеран 2023 и поранешна кик-боксерка.
Но, од неодамна јавноста ја препознава и како поубавата половина на еден од нашите најдобри млади ракометари, Марко Митев.
Мија плени со сојата насмевка и шармот.
Оваа убавица со долги нозе и извајано тело, во разговор за CRNOBELO.com ни откри интересни работи за својата кариера, за титулите кои ги освоила, за својот стил, но и за љубовта со Марко која трае веќе три години.
За моделингот, Мија вели:
„Со моделинг се занимавам околу 4 години. Желба да бидам модел имав уште како мала, често знаев да ги ‘украдам’ штиклите на мајка ми и да си правам ревии низ дома.
Кога престанав со кик-бокс ми требаше некоја занимација, па за моја среќа тогаш ми се појави модното студио Црнокрак. Го завршив нивниот курс за модели и веднаш почнав со работа.
Како најголем успех во мојата кариера ќе го издвојам изборот на Мис Медитеран од кој се вратив како победничка.
Моментално немам размислувано за тоа да градам кариера надвор, иако имав неколку понуди за работа во странство, но сега фокусот ми е ставен на факултетот.
Задоволна сум од кариерата која ја градам кај нас“.
Титули за убавина
„Имам освоено голем број титули надвор од земјава.
Дури можам да кажам дека од ниеден избор за убавина не сум се вратила без круна.
Покрај изборот за Мис Медитеран 2023, на кој бев победничка, би го издвоила и изборот Мис Европа 2022 (каде бев втора придружничка), а кој воедно ми беше и прв интернационален избор.
Овој избор се одржуваше во Бејрут, Либан. Бев таму две недели и среќна сум што овој избор ми даде прилика да посетам една ваква специфична дестинација, која гарантирам дека во следна прилика пак би ја посетила.
Кога станува збор за моите успеси, морам да ги спомнам луѓето кои имаат најголема заслуга, а тоа се Мики и Светле Црнокрак.
Изборите за убавина се едно од поубавите искуства во мојот живот.
Имам прилика да се запознавам со многу луѓе низ целиот свет (со некои од нив и сега имам контакти), се запознавам со различни култури на други земји, се шетам низ целиот свет, а истовремено со гордост ја претставувам нашата земја Македонија.
Во секој случај, доколку добијам интересна понуда, може повторно да се појавам на некој избор“.
Кик-боксот како страст
„Кик-бокс тренирав скоро 8 години. Моментално не се занимавам активно со овој спорт, но понекогаш знам да отидам на тренинг за да се релаксирам.
Почнав со тренинзи на 11 години за подобрување на физичка активност.
Се занимавав професионално и иако сега не одам на натпревари, дома имам многу медали од порано.
Многупати бев државен првак во кик-бокс, неколкупати балкански првак, а имам и други награди од меѓународни натпревари.
Првичната причина за да почнам да тренирам кикбокс беше самоодбрана, но досега не сум имала ситуација да треба да го применам.
За среќа, никогаш не сум имала таква ситуација да треба да се одбранам од некого и да го користам наученото, ниту пак, некогаш сум се степала со некој“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





