Мија (20) е успешен модел и поранешен кик-бокс шампион на Македонија: „Девојката на Марко Митев ми е нов епитет“
Стил, убавина, грижа за телото
„Многу сакам да носам лесна облека. Честопати може да ме сретнете во хеланки или тренерки.
Но, убаво се чувствувам и кога ќе се средам и ‘скоцкам’ за излегување.
Парче облека без кое не тргнувам на пат се фустанчиња.
Кога патувам, многу сакам да се дотерам и да излезам на шетање, и секако на сликање.
Шминкањето, пак, е дел од мојата професија и немам проблем со тоа.
Но, надвор од работата преферирам природен изглед со минимална шминка.
Линијата ја одржувам со спортување, а во однос на храната, немам некоја посебна исхрана.
Си дозволувам да јадам што сакам, но тоа го правам во ограничена количина“.
Љубовта со ракометарот Марко Митев
„Со Марко сме заедно скоро 3 години.
Живееме во иста населба и се запознавме преку заеднички пријатели.
Во однос на кариерата и поддршката и двајцата сме на исто - јас му ја давам целата моја поддршка, секогаш сум на трибини кога игра, а и надвор од салата.
Не е лесно да бидеш во врска со професионален спортист.
Тие имаат различен стил на живеење, па пробуваме максимално да се адаптираме како што ни одговара и на двајцата.
Истиот степен на поддршка го добивам и од него и мислам дека тоа е една од поважните работи кога станува збор за кариера и љубовна врска.
Епитетот ‘девојката на Марко’ е нов за мене.
Секако дека не ми пречи и не гледам причина некогаш да се истакне нашата врска.
Најважно е во иднина и двајцата да бидеме успешни“.
Каде се гледа за 10 години...
„Кога Мија не би била модел би била спортист.
Можеби доколку не почнев со оваа професија би продолжила да се занимавам со кикбокс или со некој друг спорт.
Следнава деценија прва цел ми е моето дообразување, а потоа и почнување на, се надевам успешна професионална кариера поврзана со ова што го студирам.
Би била среќна и доколку би се направил некој спој со моделингот.
Не исклучувам ниту опција за некоја комбинација на бизнис менаџментот и спортот, особено кога најблискиот човек во мојот живот е успешен спортист каков што е Марко.
Повеќе фотографии од Мија на следната страница...
Би можело да ве интересира:





