Марија Микиќ од болнички кревет во Истанбул: „Не фарбав јајца со моите деца, нема да сме заедно на празник – имав операции“

„Вчера не бев со моите деца да фарбаме јајца. Нема да бидам ни утре, на најрадосниот празник. Мама забележа дека не е добра ни за себе ни за другите, а најмногу дека веќе не е така добра кон своето најголемо богатство, своите деца, a состојбата се влошуваше. Вчера имав две операции во еден ден“ - напиша Марија Микиќ во емотивна објава од болнички кревет во Истанбул. 

marija-mikikj-od-bolnichki-krevet-vo-istanbul-ne-farbav-jajca-so-decata-nema-da-sme-zaedno-na-praznik-imav-operacija-01.jpg

Српската пејачка Марија Микиќ секогаш е искрена за сите борби во животот - од борбата со неплодност, па моментот кога ги доби двете деца и сите останати проблеми со кои се соочувала низ годините. 

Овој пат, среде најголемиот христијански празник, Марија објави фотографија од себе во болница во Турција. 

Таа откри дека имала две операции во еден ден на гласните жици, откако претходно поминала долг период барајќи што е проблемот кога состојбата се влошувала. 

Во емотиовниот текст, таа напиша:

„Вчера не бев со моите деца да фарбаме јајца. Нема да бидам ни утре, на најрадосниот празник. Она што е поголемо од сите нас, од секоја љубов и повредно од секоја пара, е нашето здравје.

Секоја лекција која ми се случи во последните година дена, ја научив на потешкиот начин, како и тоа дека кога ќе паднеш – мора да станеш уште појак.

А што ќе се случи кога ќе се измориш од паѓање, кога мислиш дека веќе не можеш да станеш, а камо ли да полеташ? Вчера не бев дома со своите деца да фарбаме јајца.

Сега, кога таман пораснаа да знаат, да им објаснам, да зборуваме, да се шегуваме, дa боиме, мама не можеше и не е тука.

Мама вчера имаше две операции во еден ден. Мама забележа дека не е добра ни за себе ни за другите, а најмногу дека веќе не е така добра кон своето најголемо богатство, своите деца.

Мојата состојба се влошуваше со тек на време додека не најдовме решение тука – во Истанбул. Односно, други луѓе го најдоа, ми помогнаа, ми пружија рака за спас, ми дадоа некоја нова надеж.

Сакам цел свет да знае каков човек си и што направи за оваа девојка што го пишува ова, Емина Јаховиќ. Сега повторно да почне да мечтае и да ги оствари своите соништа.

Отстранивме 3 цисти од гласните жици, за кои не ни знаев дека постојат, и покрај очајното барање на проблемот и тропање од врата на врата.

Сега мама е уште подобро. И ќе бидам уште повеќе, бидејќи знам колку вредно работевме и уште колку убави работи чекаат на нас. Сè помина баш како што требаше.

Сега следи потешкиот дел, закрепнување. Ја имам мојата љубов пред мене и моите пилиња кои ме чекаат дома. Уште имам мајка и татко на екранот на телефонот да ми се јават и да прашаат како сум. Семејство и здравје. Не ми треба повеќе од тоа. И да знаеш ти таму горе, сè научив.

Ви посакувам среќен празник и да го поминете со своето семејство, бидејќи само тоа на светот нема цена.

И тек ќе ви пеам, како што вели докторот, уште 100 години.

Ќе ви зборувам детално за ова кога ќе дојде време, кога целосно ќе закрепнам. Ве сака Мара“.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
„Децата ќе го исмеваат“ - Огњен Амиџиќ и сопругата се мета на критики за името на синот, Мина со хит... Долго размислував за тоа име и кога ѝ предложив на Мина веднаш ѝ се допадна. Сак...
Огромни маскоти како лав и жирафа, торта со мече – Бајковит прв роденден на синот на Марија Микиќ Српската пејачка Марија Микиќ со второто дете остана бремена само еден месец по ...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg