Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста?
- Детали
- петок, 26 април 2024
„Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема поинаква од Ана Николиќ“ – Раста со овие зборови ја опиша девојката Марија Балабан со која веќе 2 и пол години е во врска. Што знаеме за 12 години помладата девојка која успеа да го освои познатиот српски музичар?
Српскиот музичар Стефан Ѓуриќ Раста (34) по бурната врска и бракот со Ана Николиќ (45), во изминатите две и пол години е во врска со неговата згодна и 12 години помлада девојка Марија Балабан.
Таа беше со него и во миговите кога му беше најтешко, кога тој мораше итно да биде пренесен во болница на операција, а Раста за неа и во минатото имаше само пофални зборови.