Лила скршена од тага по смртта на Андреј ДНК: „Беше насмеан, полн со љубов која ја делеше несебично“
- Детали
- среда, 26 март 2025
„Со синот на Панчо сме родени на ист ден. Имам дури и една слика како сме потпрени на шанк на стомакот на Маја, направена е кај мене дома на прославата на мојот роденден и после неколку часа се роди Андреј“ - раскажува починатиот пејач во интервјуто што го сподели Лила како убав спомен со него.
Водителката Лила Филиповска не може да се помири со смртта на својот драг пријател Андреј Ѓорѓиески.
Десет дена по страшниот пожар во Кочани, во кој, покрај Андреј загинаа уште 58 лица, таа објави видео од едно од нивните последни интервјуа.
Таму разговараат за утринските ритуали, за семејството, па Андреј ѝ раскажува на Лила дека секое утро се буди со кафе и чај, а ако е будна сопругата Наталија, дека и на неа ѝ вари кафе.
Вели и дека поради флексибилната работа, која му дозволува да е дома преку ден, тој се грижи за ќеркичката Јана, ја носи на училиште, ја облекува, ја бања и целосно ѝ е посветен.
Во интервјуто тие зборуваат и за пријателството на Андреј со Панчо, но и тоа дека постариот син на Панчо е крстен по Андреј.
„Со синот на Панчо сме родени на ист ден. Имам дури и една слика како сме потпрени на шанк на стомакот на Маја, направена е вечерта кај мене дома на прославата на мојот роденден и после неколку часа се роди Андреј“ - раскажува починатиот пејач во интервјуто.
А на Лила ѝ ветува дека таа повторно ќе биде водителка на следната промоција што ќе ја имаат ДНК, бидејќи во минатото токму таа секогаш ги најавувала на секоја нивна промоција.
Во видеото Лила и Андреј се насмеани и радосни, но во пораката што ја сподели на Инстаграм, Лила признава дека ѝ се кине срцето.
„Ниту можеме да не жалиме, ниту труби да викнеме. До ништо не ни е Андреј.
Како да не жалиме по едно убаво, културно насмеано дете полно со љубов за сите, љубов која несебично ја делеше каде и да одеше.
И да, ветувам дека веќе нема да патетизирам… уште ова скратено видео како уште еден доказ каков човек беше ти.
Пеј со ангелите, а ние ќе ги пееме твоите хитови и ќе дигнеме глава нагоре затоа што знаеме дека нè чуваш од горe“, напиша таа.
Кликнете на видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





