Бизарно друштво: Бритни Спирс, со мистериозен маж, шета кукла завиена во ќебе во Мексико (фото)
- Детали
- понеделник, 14 април 2025
„Родив бебе, луѓе!“, напиша Бритни Спирс на Инстаграм во 2021 година на видео на кое држеше кукла, а сега со кукла и со непознат маж отиде на одмор во Мексико. Од плажа објави и „гола“ фотографија, но и кадар од неуредните нокти на стапалата.
Бритни Спирс беше забележана при слетување во Мексико со непознат маж кој држи мистериозна кукла во рацете.
Облечена во црн дуксер, шорцеви и чевли на платформа, 43-годишната ѕвезда се обидува да остане незабележана.
Мажот, кој се гледа како се насмевнува на некои од фотографиите направени на излезот од аеродромот, беше фотографиран како држи кукла под ќебе.
Иако куклата не е целосно видлива, во некои од фотографиите може да се забележат дел од косата и една нога.
Поп ѕвездата претходно во објава на Инстаграм, во октомври 2021 година, дури и танцуваше со една кукла во рацете и тогаш таа ја наслови снимката: „Родив бебе, луѓе! Ќе земам малку пауза од снимање дома секој ден!“
Бритни од одморот во Мексико на Инстаграм објави селфи за нејзините 41 милиони следбеници.
Таа ја наслови фотографијата: „Гола на плажа цел ден!!!“ придружена со неколку засрамени емотикони. Oбјави и видео во бикини, но и чуден кадар од нејзините стапала.
Инаку, Бритни беше под 13-годишно старателство од страна на нејзиниот татко Џејми Спирс, но во последните години ужива во својата новооткриена слобода.
Таа ги загрижува фановите со однесувањето откако заврши контролата врз неа од страна на татко ѝ, од 2008 до 2021 година.
Повеќе фотографии од Бритни, мистериозниот маж и куклата што ја носат со нив:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





