Доколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарувањето на врелиот асфалт и сè што сакате е само да си го одморите мозокот, но и телото, наша топла препорака се Гари и Лазарополе, два македонски бисери со предзнакот „алтернативен“ планински туризам. Гари е распослано во прегратките на Стогово. На патот кон Дебар ќе свртите кај месноста Бошков Мост и возите само право. На некои 10-тина километри ви се открива неверојатно раскошна зелена глетка...