Викенд предлог: Село Беловиште
Беловиште е тетовско село оддалечено од Тетово 21 километар. До селото се стигнува по патот што води до граничниот премин Јажинце. Сместено е на надморска височина од околу 900 метри и поради тоа има идеална клима.
Моментално има околу 260 постојани жители, претежно повозрасни луѓе. Заради минималните услови голем број од жителите се иселиле од тука, но и покрај тоа Беловиште е прекрасно село со живописна природа која вреди да ја посетите барем на еден ден.
Во селото има и црквичка во која тече вода лековита за очи, манастир, водопади, ресторани, базени за капење и прекрасна природа. Доколку сакате да побегнете од градската гужва ова е идеално место. Можете да уживате во чистиот воздух, жуборењето на реката и пеењето на птиците.
Петочко Водиче е излетничко место каде има поставено клупи за излет. Има и места за подготвување скара каде може самите да го приготвите оброкот и да уживате во убавините. А доколку сакате само да уживате, без да се мачите да готвите, има и неколку ресторани во близина во кои има прекрасна храна и услуга.
На крајот од оваа прошетка ќе бидете свежи, одморени и полни со енергија за наредниот ден. Исто така, ќе бидете полни со импресии кои ќе ги споделувате долго време со вашите блиски.
И благодариме на Мартина Матоска за викенд предлогот.
Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..