Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Договорила романтичен состанок со Ештон Кучер, но била убиена: Детали за злосторствата на „убиецот од Холивуд“

Во 2001 година, Ештон Кучер имал договорено состанок со млада девојка. Кога отишол кај неа, не му отворила и помислил дека излегла без него бидејќи доцнел. Но, следното утро било пронајдено нејзиното мртво тело со над 40 убоди од нож.

dogovorila-romantichen-sostanok-so-eshton-kucher-no-bila-ubiena-detali-za-zlostorstvata-na-ubiecot-od-holivud-01.jpg

Мајкл Гарџуло ќе остане запомнет како убиецот од Холивуд поради убиството на три жени и обидот за убиство на четврта жртва.

49-годишниот Мајкл бил мајстор кој се преселил во Калифорнија наводно со надеж да стане актер.

За убиствата му беше изречена смртна казна која не е спроведена поради промена во законите, па моментално е во затвор.

Убиецот е одговорен и за смртта на Ешли Елерин која ноќта кога била убиена, имала договорено романтичен состанок со актерот Ештон Кучер.

dogovorila-romantichen-sostanok-so-eshton-kucher-no-bila-ubiena-detali-za-zlostorstvata-na-ubiecot-od-holivud-02_copy.JPG

Што знаеме за озлогласениот убиец и неговите жртви?

Триша Пакачио

Првата жртва на Мајкл за којашто се знае е Триша Пакачио која имала 18 години и само што завршила средно. Убиецот бил помлад – имал 17 години.

Наводно, Триша била сестра на пријател на Мајкл и го познавала. Живееле и во исто соседство во Илиноис.

Тој ја нападнал пред влезот на нејзиниот дом и ѝ нанел 12 убодни рани со нож. Телото на девојката било пронајдено следното утро, од страна на нејзиниот татко.

dogovorila-romantichen-sostanok-so-eshton-kucher-no-bila-ubiena-detali-za-zlostorstvata-na-ubiecot-od-holivud-03.JPG

Мајкл уште не бил на суд за ова убиство и случајот со години беше нерешен, но благодарение на ДНК анализа, надлежните потврдија дека тој е одговорен.

Сепак, тоа што истрагата стоела во место му дало време на Мајкл да се пресели од Илиноис во Калифорнија.

dogovorila-romantichen-sostanok-so-eshton-kucher-no-bila-ubiena-detali-za-zlostorstvata-na-ubiecot-od-holivud-04.JPG

Ешли Елерин

По бегството во Калифорнија, Мајкл работел како мајстор, а според неговиот профил на IMDb, се појавил и во студентски филм. Па, се претпоставува дека се обидувал да стане и актер.

Но, во 2001 година го извршил второто убиство – ја убил 22-годишната Ешли Елерин.

Ешли пробувала да се пробие како модна дизајнерка, кога го запознала актерот Ештон Кучер на роденденска забава.

Тогаш и таа и актерот биле во други врски, но се спријателиле. Кога и двајцата раскинале со нивните партнери, решиле да отидат на романтичен состанок.

Се договориле да излезат на 21-ви февруари 2001 година – ноќта кога Ешли била убиена.

dogovorila-romantichen-sostanok-so-eshton-kucher-no-bila-ubiena-detali-za-zlostorstvata-na-ubiecot-od-holivud-05.JPG

Околу 22 часот, актерот ѝ се јавил на Ешли за да ѝ каже дека доаѓа кон нејзиниот дом, но таа не му одговорила.

Неполн час подоцна, стигнал пред нејзината куќа во Холивуд.

„Тропнав на вратата. Никој не ми одговори. Тропнав уште еднаш и уште еднаш – нема одговор.

Тогаш веќе почнав да мислам дека излегла, дека задоцнив и се разочарала“, изјави актерот за време на неговото сведочење во судница.

Ѕирнал низ прозорецот од дневната соба и единствено забележал истурено црвено вино на тепихот. Вели, не помислил ништо во врска со виното и си заминал.

Ешли имала цимерка која се вратила дома следното утро и таа го нашла нејзиното мртво тело.

22-годишната девојка имала над 40 убоди на телото, а истуреното вино што го видел Ештон, всушност била нејзината крв.

Но, ни за ова убиство, полицијата не можела веднаш да го лоцира убиецот.

dogovorila-romantichen-sostanok-so-eshton-kucher-no-bila-ubiena-detali-za-zlostorstvata-na-ubiecot-od-holivud-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Бон-тон правила за прв состанок, со кои ќе оставите добар впечаток Знаете ли како културно да покажете дека сте независна девојка, без да го навред...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg