Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард

Цели 18 години, Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во шупа, а потоа во шатор во дворот на брачен пар. Џејси билa и жртва на силување, поради што родила две ќерки. По спасувањето, Џејси пробува да живее нормален живот, но го крие идентитетот на ќерките.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-01.jpg

Со денешните ресурси и технологија, полесно е да се лоцираат исчезнати деца и надлежните успеваат да ги пронајдат повеќето уште во првите 24 часа.

Сепак, како што минува времето, се намалува и можноста да се најде детето, особено ако било киднапирано.

Но, постојат и ретки случаи кога киднапираната личност е најдена и по неколку години, како тинејџерот од САД кој беше пронајден во февруари 2025, 7 години по неговото киднапирање.

Има и пофасцинантни случаи, кога киднапираното дете е пронајдено и многу години подоцна – на пример, скоро две децении.

Случајот со Џејси Дугард спаѓа во оваа категорија.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-05.JPG

Џејси била киднапирана во 1991-ва, на 11-годишна возраст, а била спасена цели 18 години подоцна, односно во 2009-та.

Овие години во заробеништво биле далеку од лесни за неа, но денес таа го дава најдоброто од себе за да има исполнет живот.

За својата голгота има напишано книга – A Stolen Life (украден живот) – честопати гостува во емисии, а има основано и фондација преку која им помага на семејства да надминат кризни моменти во животот.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-12.JPG

Што ѝ се случило на Џејси и како била пронајдена?

Џејси била родена во 1980 година. Нејзините родители не биле во брак и имале само кратка љубовна врска кога мајка ѝ останала бремена.

Па, Џејси пораснала само со мајка си.

Кога наполнила седум години, мајка ѝ се венчала и добила уште едно дете со новиот сопруг.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-06.JPG

Откако пристигнал новиот член во семејството, тие се преселиле од Лос Анџелес на помирно место бидејќи мајка ѝ сакала да пораснат во природа.

„Имаше планини, воздухот беше чист и градот беше мал – мислевме дека е безбедно место.

Преселбата во малиот град ни делуваше како ослободување. И, Џејси беше пресреќна“, има изјавено мајка ѝ.

Но, неполна година откако се преселиле, на 10-ти јуни 1991-ва, Џејси била киднапирана додека одела кон автобуска постојка, и тоа додека било ден.

Киднаперите биле Филип Гаридо, кој бил сексуален престапник, и неговата сопруга Ненси.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-7.JPG

Според изјавите на очевидците, тие поминале покрај постојката во автомобил.

Филип возел, додека Ненси ја грабнала Џејси и присилно ја ставила во автомобилот.

Меѓу сведоците бил и очувот на Џејси, како и нејзини соученици кои стоеле на постојката.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-02.JPG

Очувот Карл почнал да трча кон автомобилот, но бидејќи бил не можел да го стигне, веднаш влегол во домот на сосед и повикал полиција.

Откако беше најдена, Џејси откри дека ги молела Филип и Ненси да ја вратат дома, дека нејзините родители немале пари ако бараат откуп.

Но, тие ја однеле во нивниот дом и ја затвориле во шупа.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-08.JPG

Во своите мемоари, Џејси открива дека ја држеле врзана со лисици и без облека, а Филип многупати ја силувал.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg