Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта
Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се сеќавала е како се разбудила среде џунгла, со мртов патник врз неа…
Летањето со авион е најбезбеден начин на патување - процентуално, многу помалку луѓе загинуваат додека летаат со авион, отколку кога се во автомобил.
Авионските несреќи навистина се реткост и, во просек, годишно има околу сто.
Но, важно е да се нагласи дека повеќето од овие несреќи не се фатални и главно се со мали авиони, а не комерцијални летови со многу луѓе.
Притоа, треба да земете предвид и дека во само еден ден, во просек има 100.000 авионски летови. Па, јасно е олку е мал процентот на несреќи.
Но, иако ретко, некогаш се случуваат и фатални авионски несреќи.
Уште поретко, пак, во овие несреќи, луѓе преживуваат, без разлика што шансите за тоа им биле минимални.
Неколку вакви приказни во продолжение:
Остин Хач
Остин Хач преживеал не една, туку две авионски несреќи. Во несреќите тој ги изгубил мајка му, татко му, сестра му и брат му.
Првата несреќа се случила кога имал само осум години.
Татко му, кој бил пилот и доктор, управувал со авионот и заедно летале кон бабата и дедото на Остин.
Во авионот биле брат му и сестра му на Остин, како и неговата мајка.
Кога татко му сакал да го слета авионот, одеднаш изгубил контрола. Авионот се срушил на земјата и мајката му, брат му и сестра му на Остин загинале веднаш.
Тој и татко му преживеале со минимални повреди.
Неколку години подоцна, Остин пробувал да изгради кошаркарска кариера, додека татко му имал нова партнерка која била мошне блиска со Остин.
Во 2011 година, Остин добил стипендија во престижен универзитет, со можност да игра кошарка.
Но, само девет дена откако ги добил вестите, со семејството доживеале уште една несреќа.
Овој пат, Остин бил единствениот преживеан и ги изгубил и татко му, и маќеата.
Тој бил во критична состојба со неколку скршеници и повреда на мозокот.
Извесен период бил во кома, а откако се разбудил, морал одново да учи да оди и да зборува.
И покрај трагедијата што го снашла, Остин успеал да заврши факултет и денес е во среќен брак.
Мишел Дусан
Мишел Дусан имала само шест години кога во 1995-та, со семејството летале од Њу Џерси до Колумбија.
Едвај го фатиле летот и можеби ќе било подобро да го испуштат – авионот се срушил и имало дури 159 загинати, меѓу кои скоро сите членови од семејството на Мишел.
Единствено таа и татко ѝ преживеале, заедно со уште двајца патници.
„Кога се разбудив, бев многу жедна. Викав за помош, а татко ми пробуваше да ме извади од авионот.
Но, од половината надолу без заглавена, со безбедносниот појас, и така останав 13 часа“, раскажа Мишел за The Guardian.
Мишел и татко ѝ биле спасени, но поради повредите, постоела можност Мишел да остане парализирана.
Сепак, со текот на времето заздравила.
За се справи со смртта на семејството, ѝ требале неколку години терапија и работа со професионалци.