10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото)
Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие модели се непристојни. Била создадена „полиција за плажа“ и тие мереле колкав дел од женската нога (од коленото до здолништето) е гол, а ако надминувала 15cm, жените плаќале казна.
Ако некои работи од минатото не биле фотографирани, без овие „докази“, денес сигурно не би поверувале дека навистина се случувале или дека постоеле.
Она што било нормално кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, сега ни делува смешно.
Овие фотографии се доказ за тоа:
Луѓе-аларми
Во некои европски земји постоеле таканаречени луѓе-аларми, чија работа била да одат од врата на врата, да ѕвонат и да ги будат луѓето за да не задоцнат на работа.
Но, гласното ѕвонење ги будело и соседите, кои се бунеле што не можат да спијат.
Затоа, луѓето-аларми, почнале да тропаат тивко со стапчиња на прозорците и така ги буделе оние што го барале тоа од нив.
Телефонска кула во Стокхолм
Во 1887 година во главниот град на Шведска била изградена телефонска кула, која имала капацитет да опслужи 5.500 телефонски линии.
Сите тие биле поделени со по еден кабел, па од самата кула „излегувале“ 5.500 кабли, што изгледало многу лошо, а самата градба била грда.
Затоа телефонската компанија најмила архитект кој би ја разубавил градбата, а тој ги додал четирите зашилени бедеми.
Кулата постоела до 1953-та година, кога била урната.
Полиција за костими за капење
Во 1920-тие години во мода дошле потесните и пократки шорцеви за капење. Во нив било полесно да се плива, особено што претходните модели скоро целосно го покривале телото.
Но, многу сопственици на приватни плажи сметале дека некои од новите модели се непристојни, па затоа била создадена „полиција за костими за капење“.
Нивната задача била да мерат колкав дел од женската нога (од коленото до здолништето) е гол, и ако тоа било повеќе од 15cm, жените морале да платат казна.
Заштита од снег и дожд за лицето
Во холандскиот магазин Het Leven во 1939 година е објавена фотографија од две жени во Монтреал, кои носат пластични маски во форма на конус, за да го заштитат лицето од дожд и снег.
Овие маски се продавале во 1930-тите и 1940-тите, но, за нив немало голем интерес.
Домашен ски-симулатор
Кон средината на 19-тиот век луѓето почнале да купуваат домашен ски-симулатор, кој го измислил ортопедот Густав Ернст.
Но, во тоа време, само богатите можеле да си дозволат да го купат.
Весник преку факс машина
Во 1930-тите години радиото станувало сè попопуларно, а весниците почнале да се сметаат за работа од минатото.
Но, тогаш бил измислен таканаречениот „весник преку факс машина“, каде што на оние што плаќале, весниците им биле испраќани во нивниот дом токму преку факс машината.
Овој изум не бил прифатен од широката јавност, па за кратко време престанал да постои.
Велосипед амфибија
Идејата за велосипед со кој ќе може да се поминува преку вода постоела уште во 19-тиот век.
Но, во 1932 година во Париз бил претставен Cyclomer, односно велосипед амфибија, но не е познато дали имал успех или, сепак, не „возел“ по вода.
Правосмукалка наместо фен
Пред да биде измислен фенот, многу жени ја сушеле косата со правосмукалка.
На косата се ставала капа од ќеса со отвор на крајот, низ кој поминувало цревото на правосмукалката, и така најбрзо ја сушеле косата.
Очила за читање во кревет
Во 1936 година биле измислени очилата Hamblin, кои имале леќи како перископ, па луѓето можеле да ја читаат книгата под агол од 45°, без да си го искривуваат вратот.
Но, овој модел на очила никогаш не станал популарен.
Дрвени костими за капење
Кон крајот на 1920-тите години, непознат изумител дошол на идеја дека може да направи костими за капење од дрво.
Тој направил и фотографија за да ги рекламира овие костими за капење, но, жените не биле заинтересирани да ги купуваат.
А. Ј. | Црнобело