Таа жена беше скршена, уништена, со целосно изгубена самодоверба, со целосно изгубена надеж, со срушен свет повторно после претходно изгубеното... Се појави тој во момент кога на неа најмногу ѝ требаше помош. Како поминуваше времето така она се опорави, се издигна, сѐ повеќе беше насмеана и сѐ повеќе ѝ се враќаше и надежта, и самодовербата, и храброста. Тогаш сфати, тој не се појави во тој момент без причина. Бог го прати на нејзиниот пат за да ја врати во живот.