Последното збогум за Андреј: „Замина и сечие 'СРЦЕ' парчоса, нè напушти со зборовите: 'ШТО САКА НЕКА БИДЕ'“
Низ годините што доаѓаат на идните генерации ќе им раскажуваме за твојата хуманост која ја носеше во твојата ДНК.
Ах, ти голем човеку, си замина.
Замина на начин на кој што живееше.
Замина Андреј и сечие СРЦЕ парчоса.
Замина поради вината на НЕКОЈ ДРУГ.
Нè напушти со зборовите: "ШТО САКА НЕКА БИДЕ", и бидна најлошото сценарио во таа кобна ноќ.
Оставајќи нè нас да тагуваме по тебе. Од западот, истокот, СЕВЕР И ЈУГ, од АЕРОДРОМ, Дебар и Кочани. Плачеме сите за херојот од нашето време.
Чинам, секој човек деновиве е ПОЛА ЧОВЕК. Поради твоето одење, кое ни ги претвори овие ДЕНОВИ ВО НОЌИ.
Наместо на небото да сјае ПОЛНА МЕСЕЧИНА, тоа ноќва ТЕМНО Е.
И цела ЧАРШИЈА оди со наведната глава. Низ улиците царува тага за твоето прерано заминување во овој УШТЕ ЕДЕН ДЕН што изминува.
МИЛИОН ДЕНОВИ да поминат, пак оваа горчина во душата нема да се заборави.
Само да се спомене името твое и КАЖАНО Е СÈ. Знаат сите за кого станува збор. За човечко битие што треба да биде запишано во музичката историја.
Низ годините што доаѓаат на идните генерации ќе им раскажуваме за твојата хуманост која ја носеше во твојата ДНК.
Ветуваме дека на твојата АМАЈЛИЈА, што ни ја остави, секогаш ќе раскажуваме каков татко имаше!
Редок вид меѓу луѓето. Тој што најдостоинствено ја носеше титулата човек.
Во нашиот последен поздрав, НИЕ ти кажуваме најискрено ФАЛА за сѐ што направи на земјата!
Чувај нè од горе и осветлувај ги СИТЕ ПАТИШТА по кои чекориме.
A. M.
Доколку сакате и вие да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!
Би можело да ве интересира:


