Темни дни
Во чест на загинатите во пожарот во Кочани, на оние што го преживеаја и за болката што ќе ја носат многубројните фамилии.
Темни дни ко врани црни виснале, град во тага потиснале, улици со солзи накиснале.
Радоста ја снема, на стравот да зацарува му дојде смена, некаде таму мила душа свена.
И додека надежта тони, а телото силно боли, човек не може ни да се помоли.
Во еден миг тежок, кобен, живот згасна место оган злобен.
Срце се пара, некој близок бара, сè од себе дава, по цена на својта глава.
А, оној што поминал низ она што со еден замав коси, вечна лузна в срце ќе носи.
Читател на CRNOBELO
Доколку сакате и вие да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!
Би можело да ве интересира:
