Милица и Антон направија бајковита свадба во природа во струмичко, со патека со 500 бели рози (фото)
- Детали
- вторник, 15 април 2025
Милица и Антон Шопови, доктори по општа медицина, од Ново Село, струмичко, се вљубеници во природата, кои направија магична свадба во рустикален стил. Со бели столчиња и декорации среде прекрасната природа, нивната свадба е како сцена од бајка.
Милица (28) и Антон (28) Шопови, доктори по општа медицина, од Ново Село, струмичко, стапија во брак на свадбена церемонија во рустикален стил, на која природата беше во фокусот.
Свадбената церемонија беше во комплексот „Лебедово Езеро“, кој се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на патот кон селото Смолари и во близина на Смоларските водопади.
Природата самата со својата уникатност ја направи оваа свадба магична, но, се разбира, дополнета со соодветна декорација.
Одговорен за декорацијата беше Перо Митаноски, кој за CRNOBELO.com вели:
„Имаше патека украсена со 500 бели рози и друг вид цвеќе, што даде неверојатен шарм и ја дополни убавината на стилот кај овој декор, кој сам по себе е убав и единствен.
Ставивме и лондонска телефонска кабина, но обоена во бело, која секогаш предизвикува фотографија повеќе.
На крај по три часовната работа и создавање на оваа свадбена сцена, воздишките и воодушевувањето на Милица и Антон и присутните, беа вистинска награда за нас“.
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





