Љупка Митрова му кажа ДА на саканиот во Рим - дијамантски прстен и букет рози за инфлуенсерката
- Детали
- сабота, 12 април 2025
Со дијамантски прстен од Tiffany & Co., Ѓорѓи ја запроси инфлуенсерката Љупка Митрова среде Рим.
Инфлуенсерката Љупка Митрова му кажа ДА на својот сакан Ѓорѓи, 15 месеци откако ја почнаа врската.
Парот е на романтично патување во Рим, каде што Ѓорѓи ја изненади со дијамантски прстен од Tiffany & Co., кој ѝ го даде додека се шетаа низ градот.
Тој клекна на колено и ја побара за сопруга на познатите Шпански скали.
Според фотографиите што инфлуенсерката од Струмица, а од неодамна и ко-сопственичка на моден бренд, ги објави на Инстаграм, се чини дека нејзиниот сакан однапред го испланирал секој детаљ од запросувањето - букет со нежно розови рози, музика, фотограф за да го овековечи моментот.
„ДА! 11.04 - нашата љубовна приказна“ - напиша Љупка на Инстаграм.
Парот е во врска од јануари 2024 и оттогаш се нераздвојни, па често одат заедно и на патувања низ светот.
Ова ќе биде втор брак на инфленсерката, која од првиот брак има две ќерки.
Погледнете повеќе фотографии:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





