44 загинати и над 160 повредени откако се урна кров во дискотека во Доминиканска Република
- Детали
- вторник, 08 април 2025
Во еден од најпопуларните ноќни клубови во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, вечерва се случи незапаметена трагедија.
Најмалку 44 лица се загинати во популарна дискотека во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, откако се урнал кровот, пишува NBC.
Несреќата се случи вечерва за време на концертот на популарниот пејач Руби Перес.
Спасувачите и понатаму се обидуваат да извлечат луѓе од под урнатините, со надеж дека ќе најдат преживеани. Во акцијата за спасување се вклучени преку 400 лица.
Во несреќата има и преку 160 повредени луѓе, а голем дел од нив се хоспитализирани.
Претседателот на државата прогласи тридневна жалост во сеќавање на загинатите.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





