Жена од Бразил станала полицајка за да го фати убиецот на татко ѝ – го уапсила 25 години по убиството

36-годишна полицајка од Бразил го посветила целиот живот на барањето на убиецот на нејзиниот татко. Конечно, 25 години подоцна, трудот се исплатил и таа самата го уапсила.

zhena-od-brazil-stanala-policajka-za-da-go-fati-ubiecot-na-tatko-go-uapsila-25-godini-po-ubistvoto-01.jpg

Гислејн Сила де Деус од Бразил го изгубила својот татко пред 25 години, откако бил убиен.

Убиецот бил во бегство сè досега и неодамна бил уапсен благодарение на храбрата 36-годишна Гислејн.

Со цел да ја задоволи правдата, Гислејн студирала право и станала полицајка, за на крај самата да го најде убиецот на татко ѝ.

zhena-od-brazil-stanala-policajka-za-da-go-fati-ubiecot-na-tatko-go-uapsila-25-godini-po-ubistvoto-06.JPG

Криминалецот Алвес Гомез, кој веќе имал полициско досие, бил во бегство уште од 2016-та, а бил уапсен во септември годинава.

Поради убиството на татко ѝ, на 18-годишна возраст Гислејн се запишала на правен факултет за да стане адвокатка.

Положила и испит за да може да работи како полицаец, а во еден период била вработена и во затвор.

„Кога работев во затворот, постојано си замислував како убиецот на татко ми доаѓа овде за да си ја отслужи казната“, раскажува Гислејн за локален медиум.

zhena-od-brazil-stanala-policajka-za-da-go-fati-ubiecot-na-tatko-go-uapsila-25-godini-po-ubistvoto-08.jpg

Потоа, таа се вработила како полициски службеник и станала дел од тимот за истражување убиства.

Овде, напорно работела за да собере информации за убиецот на татко ѝ, за на крај да го лоцира и да помогне во неговото апсење.

Алвес Гомез го убил таткото на Гислејн во 1999-та, но бил прогласен за виновен дури во 2013-та.

Кога по него била пуштена потерница во 2016-та, тој избегал и оттогаш му се изгубила секаква трага.

zhena-od-brazil-stanala-policajka-za-da-go-fati-ubiecot-na-tatko-go-uapsila-25-godini-po-ubistvoto-03.JPG

Гислејн открива дека татко ѝ бил ладнокрвно убиен за долг од само 20-тина евра.

Имено, убиецот бил добавувач во супермаркет каде што татко ѝ должел околу 20 евра.

На 16-ти февруари 1999 година, убиецот дошол во близина на домот на Гислејн и си ги побарал парите.

Тогаш татко ѝ му понудил да му даде ладилник бидејќи во моментот ја немал таа сума.

zhena-od-brazil-stanala-policajka-za-da-go-fati-ubiecot-na-tatko-go-uapsila-25-godini-po-ubistvoto-05.JPG

Убиецот, гневен, ја одбил понудата, си заминал, но се вратил половина час подоцна со пиштол.

Почнал тепачка со таткото на Гислејн и го застрелал.

Татко ѝ веднаш бил однесен во болница, но им подлегнал на повредите.

Убиецот веднаш избегал, но бил уапсен истиот ден.

Сепак, поради некоја причина, бил ослободен пред воопшто да почне судењето.

zhena-od-brazil-stanala-policajka-za-da-go-fati-ubiecot-na-tatko-go-uapsila-25-godini-po-ubistvoto-04.JPG

Кога конечно бил фатен и осуден во 2013-та, Гислејн вели дека не ѝ е јасно зошто потерницата за неговото апсење била пуштена дури три години подоцна, со што му се укажал можност да избега.

По неодамнешното апсење, убиецот бил испратен во затвор, но не е познато колку долго ќе остане таму.

„Со неговото апсење, како да си ја исчистив душата… Денес јас и семејството имаме мир бидејќи правдата е задоволена.

Ова нема да го врати татко ми, но убиецот ќе ја отслужи казната што требаше да ја отслужи пред многу години“, додава Гислејн.

zhena-od-brazil-stanala-policajka-za-da-go-fati-ubiecot-na-tatko-go-uapsila-25-godini-po-ubistvoto-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg