Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Делон
- Детали
- недела, 18 август 2024
Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува актерот. Ален Делон во 2021-ва година јавно призна дека сака да му биде извршена евтаназија, 3 години откако преживеа мозочен удар, а сега почина мирно во својот дом на 88-годишна возраст.
Денес светот се простува од иконата на францускиот филм Ален Делон, кој почина на возраст од 88 години во својот дом во Души, Франција.
Веста за смртта следува, откако актерот со години наназад живееше со нарушено здравје, по мозочниот удар што го преживеа во 2019-та година.
Некогаш беше сон на голем број жени и важеше за најзгодниот актер кој во својата кариера сними над 90 филмови, а често привлекуваше внимание со својот контроверзен живот.
Во последните неколку години, по мозочниот удар, Делон живееше повлечен живот на неговиот имот во централна Франција, додека неговите тројца наследници водеа жестока битка за тоа како треба да изгледа процесот на неговото закрепнување.
Ален Делон со трите деца
Актерот има три деца, Антони, Анушка и Ален-Фабијен кои во текот на изминатата година водеа жестока правна битка, како за наследството на нивниот татко, така и за начинот на којшто треба да се лекува нивниот татко.
Според весникот The Guardian, се чини дека триде деца единствено покажаа слога минатата година, кога требаше да ја избркаат од семејниот имот последната жена која го освои срцето на нивниот татко, Хироми Ролин (66).
Ален со партнерката Хироми Ролин
Хироми и Ален живееле заедно од 2019-та година, сè до летото во 2023-та година, кога децата на актерот ја обвинија дека ја злоупотребила неговата слабост.
Таа пак, возврати со обвиненија дека тие се обидуваат да го убијат, така што му го прекинале лекувањето.
По ова следуваше јавно превирање, ширење обвинувања низ медиумите.
Синот Антони (59), кого актерот го доби од бракот со неговата единствена сопруга Натали, ја обвини полусестрата Анушка (33) дека манипулирала и наводно го криела резултатите од когнитивните тестови што му биле направени на Делон во Швајцарија.
Ален со синот Антони
Потоа следеше контра-напад од страна на Анушка, а според француските медиуми, актерот во последните месеци од животот бил гневен заради медиумската бура приредена од неговиот најстар син.
Ален со ќерката Анушка
Антони добил поддршка од помалиот брат Ален – Фабијен кој ја снимил сестрата Анушка, како наводно манипулира со татко им и го лаже.
По ова јавниот обвинител побарал Делон да биде штитеник на судот и да биде ставен на медициснко вештачење затоа што се сметало дека актерот не е при здрава свест.
Но, медициснките наоди покажале дека актерот нема никакви проблеми со свесното расудување.
Ален со ќерката Анушка
Инаку, според некои главната причина за раздорот меѓу децата било тоа што Делон одлучил половина од својот имот да го остави на единствената ќерка, а другата половина да ја подели на синовите.
Двата сина со години имале нарушени односи со татко им, а нивното скандалозно минато исполнето со злоупотреба на опојни супстанци, алкохол и оружје со години било топ тема во француските медиуми.
Освен овие три деца, Делон наводно има уште еден вонбрачен син Ари Булоњ, кого никогаш не го признал, иако за него делумно се грижела мајката на актерот. Ари почина во 2023-та година, по долгогодишна битка со зависноста од опојни супстанци.
Инаку во 2021-ва година Делон привлече големо внимание во јавноста, кога беше објавена веста дека тој побарал во Швајцарија да му биде извршена евтаназија.
Неговиот син Ентони, јавно рече дека актерот од него побарал да му помогне за да ја заврши законската процедура за убиство од милосрдие.
„Евтаназијата е најлогичната и најприродна работа што можеме да ја направиме. Во одредена доба и време, ние имаме право да си заминеме мирно од овој свет без да зависиме од поддршката на болниците и апаратите“ – изјави Делон во интервју во 2021-ва година.
Ален со ќерката Анушка
Сепак, според соопштението на неговите деца, актерот починал мирно во својот дом, опкружен од најблиските.
Неговата желба била да биде погребан во близина на капелата, која се наоѓа на неговиот имот во Души, каде се погребани повеќе од 30 негови кучиња.
Б. С. Б. | Црнобело