Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс
- Детали
- сабота, 08 јуни 2024
Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со години била зависна од лекови против болки.
Животот на 81-годишната американска актерка со норвешко потекло, Линда Еванс, е навистина интересен, но на моменти и многу тежок.
Линда, која во јавноста е позната како Кристал Карингтон по сапуницата „Династија“ која се емитуваше од 1981 до 1989 година, денес е активна и на Инстаграм.
Во јавноста е познато дека Линда зад себе има два брака, но никогаш немала среќа во љубовта.
Од 1968 до 1974 година била во брак со Џон Дерек, а од 1975 до 1979 година била во брак со Стен Херман.
Иако многумина мислеле дека Линда го оставила Дерек поради Херман, вистината е дека Дерек ја изневерувал Линда со актерката Бо Дерек која тогаш била 30 години помлада од него, односно имала само 15 години.
Убавата русокоса, по која копнееле многу мажи, после 8 години брак била напуштена од саканиот, а разводот многу тешко го прифатила.
Џон и Бо се преселиле во Германија, а се венчале во 1976 година по нејзиниот 19 роденден.
„Сакав да умрам. Живот без Џон - тоа беше најлошото нешто на светот што можеше да ми се случи. Тој ми беше сѐ. Бев лута, бев тажна.
Ги поминав сите фази, но моментот кога целосно ќе го исклучите мозокот и ќе ја насочите целата енергија на себе и ќе престанете да размислувате за минатото е прекрасен.
Кога ќе почнете да размислувате за иднината, можете да имате прекрасен живот. За такви работи учам секој ден“, изјавила Линда за Fox News.
Една година била во врска и со музичарот Јани.
Во тој период се борела со недостиг на самодоверба и токму тогаш започнале нејзините чести посети кај естетските хирурзи, на кои и самиот Јани ја поттикнувал.
Од крајот на деведесеттите до 2020 година повеќе не добивала улоги.
Со години имала неподносливи болки во 'рбетот, кои биле толку силни што на моменти помислувала да си го одземе животот.
Поради тие физички болки, таа со години страдала и од депресија, а подоцна поради терапијата и агресивното лечење на болките, ја изгубила косата и еден период носела и перика.
Во 2014 година била уапсена поради брзо возење под дејство на опијати, а полицијата во нејзиниот автомобил пронашла поголема количина апчиња за кои немала рецепт.
Додека се правдала пред полицијата, почувствувала неподносливи болки во грбот, а во моментот на апсењето била толку избезумена што на полицаецот наместо возачка дозвола му дала кредитна картичка.
Сепак, не завршила зад решетки, туку добила условна казна, а лековите ѝ биле одземени.
Денес, Линда живее повлечен живот во Такома, многу обожаватели на „Династија“ можеби нема да ја препознаат, како поради годините, така и поради бројните естетски зафати.
Сепак и понатаму освојува со поглед и насмевка.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм