„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“

Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители во Лондон. Што мислите вие за животот со родители на подоцнежни години?

imam-43-godini-i-ushte-zhiveam-vo-moite-roditeli-ne-sakam-da-se-otselam-01.jpg

Новинарката Mинрет Kаур (43) никогаш се нема отселено од домот на нејзините родители во Лондон и причината за тоа не се парите.

imam-43-godini-i-ushte-zhiveam-vo-moite-roditeli-ne-sakam-da-se-otselam-02.jpg

Таа за британскиот магазин Metro вели дека нејзините мајка и татко ѝ се најдобри пријатели и ужива да живее во домот изграден во 70-тите години.

Секое утро таа и мајка ѝ прават чај пред да отидат на прошетка или пливање. Печат торти и гледаат серии на Нетфликс.

imam-43-godini-i-ushte-zhiveam-vo-moite-roditeli-ne-sakam-da-se-otselam-03.jpg

Минрет спие во истата соба од детството, а истиот декор таму е веќе 4 децении.

„Сите бои се избрани од татко ми и тој никогаш не сакаше да менуваме ништо“, вели таа и додава дека никогаш не додавала работи за собата да има нејзин личен печат.

Но, вели дека живеењето во домот на родителите ѝ е покомфорно од живеењето во кој било дом што таа би успеала да си го обезбеди за себе.

imam-43-godini-i-ushte-zhiveam-vo-moite-roditeli-ne-sakam-da-se-otselam-05.jpg

Се плаши дека би се чувствувала изолирано ако живее сама.

„Тие ми дозволуваат да правам што сакам и одлуките ги оставаат на мене затоа што знаат дека секогаш мислам на нив и се грижам за нив.

Кога направив промена во кариерата ми кажаа да не се грижам дека ќе ме поддржат во критичниот период додека да пронајдам нова работа и тоа ми беше од голема помош“, вели Минрет.

Таа плаќа дел од сметките во домот и дава пари на месечно ниво за храна, бензин и други трошоци.

„Тие работеа цел свој живот и сега е мој ред да се грижам за нив. Можам да се замислам да се отселам од овој дом, но само ако моите родители дојдат со мене“.

imam-43-godini-i-ushte-zhiveam-vo-moite-roditeli-ne-sakam-da-se-otselam-04.jpg

Но, се разбира, дека има предизвици на живеењето со родители кога сте во 40-тите. Правењето планови е тешко, затоа што тие сакаат да знаат каде е и кога ќе се врати дома, ја чекаат будни – нешто што е дел од индиската култура.

Исто така, има проблеми и со состанувањето, затоа што мажите „се ладат“ кога таа ќе спомене дека живее со родителите.

Мајка ѝ на Минрет вели дека е среќна што ќерката живее со нив затоа што тоа им носи топлина во домот, ги смее и благословени се што ја имаат. Но, вели дека е загрижена што ќе биде со неа кога еден ден нив ќе ги нема, па би сакала што поскоро да ја види осамостоена во свој дом.

Што мислите вие за животот со родители на подоцнежни години?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg