Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“

„Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невина, но сфатив дека голем број мажи го ценат тоа“ - вели оваа 33-годишна девица од САД, која е во потрага по идеалниот сопруг. Кои особини мора да ги поседуваат потенцијалните кандидати со кои таа би започнала сериозна врска?

imam-33-godini-i-se-ushte-sum-nevina-koi-10-osobini-mora-da-gi-poseduva-nekoj-mazh-za-da-me-osvoi-01.jpg

Данијел Нобл од САД ја изненади светската јавност со тврдењето дека и покрај тоа што има 33 години таа сè уште е невина, а тврди дека не сака нејзиното прво сексуално искуство да биде со кој било маж.

imam-33-godini-i-se-ushte-sum-nevina-koi-10-osobini-mora-da-gi-poseduva-nekoj-mazh-za-da-me-osvoi-02.jpg

Приказната за оваа танчарка од Флорида, САД, ја пренесуваат поголем број од светските медиуми, а таа вели дека има список со барања што потенцијалните кандидати треба да ги поседуваат за да размисли со нив да започне врска.

„Постојат 10 работи што ги барам кај мажот. Тој мора да биде ориентиран кон семејството, искрен, љубезен, висок, во добра форма.

Да сака да патува, да сака да го поминува надвор, да биде храбар, претходно да не бил во брак, да има добра смисла за хумор, да биде стабилна личност и да ме почитува“ – вели таа.

Данијел вели дека во минатото никогаш не била заинтересирана за врски и секогаш била сконцентрирана повеќе на образованието.

Во средно образование никогаш не била поканета на состанок од момчињата, па така воопшто не ни размислувала за врски во тој период.

imam-33-godini-i-se-ushte-sum-nevina-koi-10-osobini-mora-da-gi-poseduva-nekoj-mazh-za-da-me-osvoi-03.jpg

Кога станала повозрасна сфатила дека не сака безначајни авантури, туку само сериозни врски, кои ќе ѝ помогнат да го оствари нејзиниот план во следните 10 години да стапи во брак и да добие деца.

„Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невина, но откако почнав отворено да зборувам за тоа, сфатив дека нема ништо лошо во тоа што досега не сум била сексуално активна и дека голем број мажи го ценат тоа“ – вели Данијел.

Таа вели дека обично на мажите уште на првиот состанок им кажува дека е невина и ако забележи дека тој факт им пречи веднаш си заминува.

Во спротивно, чека да види како ќе поминат следните состаноци.

imam-33-godini-i-se-ushte-sum-nevina-koi-10-osobini-mora-da-gi-poseduva-nekoj-mazh-za-da-me-osvoi-04.jpg

„Нe сакам да завршам со некој со којшто ќе се разведам подоцна, затоа што моите родители се разведоа пред 10 години и мислам дека тоа влијаеше да одлучам да останам сингл“ – вели Данијел.

Досега само со едно момче успеала да стигне до 3-иот состанок, но е уверена дека конечно ќе успее да го најде мажот што ќе ги исполнува сите 10 услови и ќе го освои нејзиното срце.

imam-33-godini-i-se-ushte-sum-nevina-koi-10-osobini-mora-da-gi-poseduva-nekoj-mazh-za-da-me-osvoi-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg