Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, паметни како него
- Детали
- понеделник, 28 април 2025
Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, милијардерот бил опседнат со тоа да има илјадници деца кои ќе бидат паметни како него за да го спасат човештвото, а нудел да им донира сперма дури и на блиски пријатели.
За Илон Маск, 2025 година почна добро, но како што минуваат месеците, се шпекулираат сè почудни и побизарни работи за милијардерот.
По инаугурацијата на Доналд Трамп, Илон му стана најдобар пријател, а и доби и важна улога во американската влада.
Но, многу Американци се противеа на идејата Илон да има каква било улога во власта, а имаше критики и од луѓе кои работат во Белата куќа.
Сега, пак, наводно и Трамп се двоумел за својата одлука бидејќи сфатил дека Илон повеќе претставува проблем отколку што помага.
Илон веќе најави дека ќе се повлекува од својата владина позиција, а се соочува и со други проблеми – пред неговите канцеларии веќе се одржаа неколку протести, луѓе ги палат Tesla автомобилите од неговата компанија, а изгуби и многу пари откако паднаа акциите на Tesla.
Но, можеби најголемата драма во приватниот живот на Илон Маск е поврзана со неговите деца и „харемот од мајки“.
Илон Маск има барем 14 деца од четири различни жени, а голем дел од децата се родени со ин витро.
Самиот многупати има изјавено дека на човештвото му се заканува пропаст ако луѓето не почнат да имаат повеќе деца.
Никој не знае колку точно деца има Илон Маск, а истото го има изјавено и неговата трансродова ќерка, Вивијан, која се откажа од него.
Прочитајте и: Трансродовата ќерка на Илон Маск го нападна татко ѝ: „Плати цело богатство за да се родам како машко со ин витро“
Притоа, барем двапати годишно се случува жена да излезе со тврдење дека добила дете од Илон, но дека тој не сака да преземе никаква одговорност за него.
Во февруари годинава, 26-годишна писателка и инфлуенсерка изјави дека добила син со Илон. Ешли Сент Клер отишла и на суд каде било побарано да се направи ДНК тест со кој се потврдило нејзиното тврдење.
Но, сега Ешли вели дека Илон не е воопшто вклучен во животот на детето и дека не сака да плаќа ни алиментација бидејќи таа јавно открила кој е таткото.
А, според неа Илон веќе трошел милиони долари за да ја плати тишината на жени кои родиле негови деца.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





