Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, паметни како него
Ешли вели дека Илон упорно барал жени кои ќе му раѓаат деца бидејќи бил сериозно загрижен за фактот дека ќе се намали бројот на луѓе во светот.
И таа го имала овој став и токму ова ги зближило, но набрзо си го променила мислењето на милијардерот.
Уште првата ноќ кога биле заедно, Илон почнал да ѝ зборува за имиња за деца, па дури ѝ понудил и да најадат сурогат мајки за да може побрзо да се раѓаат децата.
Илон сакал илјадници деца, односно „цела легија пред апокалипсата“ и за таа цел сметал дека треба да се користат што е можно повеќе сурогат мајки.
На Ешли, пак, ѝ рекол дека треба да му роди барем десет деца.
Илон верувал дека треба да се раѓаат интелигентни деца, како него, за да се осигури опстанокот на човештвото.
Според некои гласини, поради ваквите размислувања, неретко нудел да им донира сперма и на негови блиски познаници – за да родат „паметни деца како него кои ќе го спасат светот“.
Според Ешли, тој самиот се фалел дека неговата сперма ја барале и „влијателни и моќни жени“.
Минатата година, пак, се појавија шпекулации дека понудил да му донира сперма на моќен и богат пар што го запознал на забава, а истата понуда ѝ ја дал и на поранешната сопруга на коосновачот на Гугл.
Засега Илон ги негира овие гласини.
Ешли вели дека откако го родила нивниот син, Илон веднаш ѝ пратил порака дека сакал уште едно дете со неа и ѝ рекол дека ќе ѝ даде над 10 милиони долари, заедно со месечна алиментација од 75.000 долари додека детето да наполни 21 година.
Но, таа вели дека го одбила поради лошото искуство со милијардерот и нивното прво дете.
Кога разговарала со адвокати, Ешли дознала и дека Илон терал многу жени да потпишуваат договор за молчење дека имаат негови деца. И, кога овие жени оделе на суд бидејќи Илон воопшто не се грижел за децата, тој скоро секогаш победувал.
Ешли додава дека Илон сега има „харем од мајки“ од кои повеќето ѝ се непознати на јавноста.
Но, наводно, сè повеќе жени го одбивале, без разлика што им нудел милиони за да родат негово дете.
Засега Илон ги нема коментирано сите тврдења на Ешли, но сепак јавно зборува дека луѓето треба да имаат што е можно повеќе деца.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





