Jа запросил во Дубаи, некогаш ѝ бил обезбедување: Теа Таировиќ (29) ќе прави свадба со саканиот Иван - со венчаница од 18.000 евра
- Детали
- среда, 23 април 2025
„Толку пати сум била изневерена што паднав дури во замка на параноични мисли дека никој не ми мисли добро, дека никогаш нема да ја запознаам вистинската личност“, изјави Tea Таировиќ во една пригода, а сега е среќна покрај саканиот Иван, кој ја запроси во Дубаи.
Tea Таировиќ веќе две години е во љубовна врска со Иван, некогаш нејзино лично обезбедување, а сега партнер и најголема поддршка.
Теа долго ја криеше љубовната врска од очите на јавноста.
Парот веќе носи идентични прстени со симбол на крст, како знак на нивната верност и љубов.
Според пишувањата на српските медиуми, Теа планира свадба со Иван на која ќе ги покани своите блиски, но и некои колешки од естрадата како Барбара Бобак и Сања Вучиќ.
Свадбата ќе се одржи во Нови Сад, а парот веќе 3 месеци прави планови како ќе изгледа. Но, поради работните обврски, Теа ангажирала агенција која ќе биде задолжена за сите подготовки.
Наводно, француски дизајнери се задолжени за изработката на нејзината венчаница, која ќе чини 18.000 евра.
Tea лично го дизајнирала велот што ќе го краси нејзиниот свадбен изглед, а инспирацијата за фустанот била од венчаницата која Ким Кардашијан ја носела на свадбата со раперот Канје Вест.
Свадбената веселба се проценува дека ќе чини околу 100.000 евра.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





