Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 години
- Детали
- понеделник, 20 јануари 2025
Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повторно воодушеви со својот изглед и извајаното тело. Нејзиниот сопруг со романтичен потег ѝ го олеснува животот.
Балканската ѕвезда Лепа Брена е на семеен одмор на Тајланд, со сопругот Боба Живојиновиќ, но и нивниот помал син Виктор, кој е дојден со девојката Софија.
Одморот за семејството Живојиновиќ на оваа азиска дестинација доаѓа по напорниот период и бројните настапи кои пејачката ги имаше пред празниците, но и откако ја повреди ногата на концерт во Загреб, кога камерман падна врз неа.
Па, додека закрепнува од повредата, Брена има помош од сопругот дури и додека плива.
Таа објави видео на Инстаграм како е качена врз неговиот грб и тој ја носи низ базенот.
Брена, како и секогаш воодушеви со изгледот - го покажа згодното тело и долгите нозе облечена во бикини, со црвен шешир на главата.
„Колку си прекрасна“, „Кралице, уживај“, „Како гулапчиња сте“, се дел од коментарите што ѝ ги оставија следбениците на Инстаграм.
Погледнете ги фотографиите од одморот на Брена на Тајланд:
Прочитајте и Лепа Брена (64) издоминира на насловната на Vogue - Моќни фотографии на балканската дива кои оставаат без здив
А. Ј. | Црнобело