Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот, Саша Поповиќ

Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем, ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и замина на лекување во Париз. Тој не открива од што е болен, но по едно од ретките излегувања ја загрижи јавноста - драстично ослабен, еден од најбогатите, но и најомилени луѓе во регионот, не личи на себе.

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-01.jpg

Саша Поповиќ е еден од најбогатите, но и еден од најмоќните луѓе во српската музичка индустрија, па и на Балканот.

Некогашниот хармоникаш на „Слатки грех“, бендот кој долги години ја придружуваше Лепа Брена, се стекна со овој статус откако, заедно со пејачката, ја отвори „Гранд продукција“.

Неговото име скоро и да не се врзува со скандали, и покрај огромното богатство, но и статусот што го поседува.

Саша работел напорно за да стигне до позицијата на која се наоѓа, а во тоа има огромна поддршка од сопругата Сузана, но и од нивните две деца, ќерката Александра и посинокот Даниел.

Иако последниве месеци е преполовен, па ретко се појавува во јавноста и на телевизија поради болеста која сериозно му го наруши здравјето и поради која беше на лекување во Париз, Поповиќ и понатаму е еден од омилените ликови во Србија.

Секогаш насмеан, расположен, со по малку чуден смисол за хумор, Саша знаеше како да направи вистинско шоу во „Ѕвездите на Гранд“, да ги натера членовите на жирито да се потскараат меѓу себе, но и ги носеше најтешките одлуки, па затоа многумина го чекаат неговото враќање.

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-02.jpg

Што знаеме за Саша Поповиќ, некогашниот хармоникаш и поранешен прв човек на „Гранд продукција“?

Роден е во 1954 година во Нови Сад, каде што живеел во 1996-та, а потоа се преселил во Белград.

Вистинското име му е Александар, но сите го знаат како Саша.

Неговиот дедо бил свештено лице, па со родителите и постарата сестра, живееле во парохиски дом, веднаш до црквата во која дедо му служел 30 години.

Постои приказна дека неговиот дедо ги венчал Алберт Ајнштајн и неговата сопруга Милева, бидејќи токму тој бил главниот свештеник во црквата, во времето кога тие се заколнале пред Бога на љубов и вечна верност.

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-04.jpg

Како дете обожавал да игра фудбал и со часови ја шутирал топката на игралиштето покрај нивната куќа.

Татко му првпат го одвел на фудбалски натпревар кога Саша имал 8 години и оттогаш овој спорт му станал главна преокупација.

Тренирал за клубот „Војводина“ и мислел дека фудбалот ќе му е професија.

Но, татко му не сакал синот да му биде фудбалер, па му купил хармоника, со надеж дека ќе го насочи кон музиката.

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-07.jpg

Саша се заљубил во инструментот, запишал нижо музичко училиште и на 17 години веќе имал свој оркестар со кој настапувал на разни веселби.

Родителите му помогнале финансиски да го основа оркестарот „Лира шоу“, со кој доживеал голема популарност и имал настапи ширум Србија.

Сепак, пресвртница во кариерата доживеал кога најпознатиот југословенски шоумен, Милован Илиќ Минимакс, на шега пуштил снимка од еден нивни настап во својата емисија „Претежно ведро“.

Тогаш Брена го добила прекарот „Лепа“, а „Лира шоу“ го сменил името во „Слатки грех“.

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-09.jpg

Саша освен што свирел во бендот, истовремено и компонирал, па меѓу оние за кои пишувал песни била и Сузана Јовановиќ.

Младата пејачка и Саша се запознале во 1996 година, се допаднале, почнале да се гледаат и љубовта станала толку силна, што се венчале.

Сузана веќе имала еден брак зад себе и синот Даниел, кого Саша го прифатил како свое дете и за кого вели дека му е син.

Парот ја има ќерката Александра (25), која важи за скромна девојка.

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-06.jpg

Таа не сака да се експонира во јавноста, има свој салон за нокти и изработува накит.

Саша, пак, во 1998 година, со Лепа Брена ја основа „Гранд продукција“ и на 3 декември истата година, на ТВ Пинк е емитувано првото „Гранд шоу“.

Голем дел од парите, Саша ги вложи во градежен бизнис и гради згради во елитните белградски населби. 

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-10.jpg

Пред неколку години тој и Брена ја продадоа продукцијата, но и покрај тоа, Саша остана да биде прв човек на „Ѕвездите на Гранд“.

Неодамна, сепак, се повлече и од таа функција, откако му беше дијагностицирана болест поради која замина на лекување во Париз.

Тој, не откри од што боледува, иако во медиумите се шпекулираше дека станува збор за рак или срцево заболување.

Најголемото богатство го стекна токму преку продажбата на продукцијата, а голем дел од парите ги вложи во градежен бизнис и гради згради во елитните белградски населби. 

se-prepolovi-poradi-bolesta-sakal-da-bide-fudbaler-zhivotot-na-eden-od-najbogatite-lugje-na-balkanot-sasha-popovikj-03.jpg

Погледнете повеќе фотки ТУКА.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg