Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ
- Детали
- недела, 20 октомври 2024
Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, кој се прослави со учеството и победата на „Ѕвездите на Гранд“ во 2014-та година. За себе вели дека не сака да гради кариера на скандали, иако се случувало во текот на годините за него да кружат гласини.
Мирза е роден во ноември 1990-та година во Тузла, а последните неколку години живее и работи на релацијата Сребреник – Белград.
Вели дека од мали нозе кај него бил забележителен талентот за музика, а за време на средното образование формирал бенд во Сребреник и заедно настапувале во околината на градот каде што живееле.
Во една пригода призна дека во тој период почнал да свири гитара за полесно да ги освојува девојките, но подоцна музиката станала негова голема љубов.
Во една пригода отворено призна дека се плашел од реакцијата и критиките на мајка му и татко му, па најчесто музицирал кога бил сам и кога немало никој дома. Но, татко му, му бил најголема поддршка кога го направил првиот чекор за патот до славата.
По победата на „Ѕвездите на Гранд“, каде ја доби главната награда, стан во Белград, Мирза го сними првиот албум и потоа се сконцентрира на градење кариера која се заснова само на квалитетни спотови и квалитетна музика.
„Никогаш не сум бил мајстор за скандали, ниту пак мислам дека за мене некој би верувал дека сум направил скандал.
Затоа мислам дека луѓето ме прифатија како мирен дечко кој прави добра журка кога ќе се појави некаде“ – рече тој во една пригода.
Од неговото пријавување во „Ѕвездите на Гранд“, па и неколку години подоцна имаше гласини дека тој е во тајна врска со пејачката Милица Тодоровиќ, но младиот пејач ги демантираше тие гласини.
„Ние сме баш добри другари, се дружиме уште пред да дојдам во Гранд.
Да не беше Милица немаше ниту да се пријавам на натпреварот, затоа што таа ме наговори“ – рече Мирза.
Тој во една пригода рече дека воопшто не сака да обрнува внимание на гласините што кружат за него.
„До мене често доаѓале гласини од типот: ’е овој рече, оној рече… ‘
Но, се прашувам од каде се тие лоши гласини за мене.
Сум слушнал сè и сешто за себе, и работи што се несфатливи, но тоа веројатно е нормално кога не им даваш материјал. Мене не ме допираат тие приказни, ниту ми прават песни, ниту ми го полнат фрижидерот, ниту ми ги плаќаат сметките, така што не ме интересираат“ – рече Мирза во една пригода.