„Ортопедија? Имате закажан термин? Па, ние немаме доктор ортопед. Докторката отиде на патолошка бременост, нема замена. Леле, многу луѓе како вас вака дојдоа и се вратија – зошто никој не ве известил?“, ми вели едно медицинско лице од скопската болница, за каде чекав термин цел месец. И јас и сопругот излеговме од работа и возевме километри и километри среде гужвата со детето, за што? За ништо! Не е до докторите, до системот е - не функционира...