Места (и работи) во Скопје кои веќе не постојат, а на сите ни недостасуваат
Скопскиот саем кој веќе не постои, Луна паркот во кој ги имавме најубавите детски спомени, ресторанот Езерце за ручек во Градскиот парк со ретро лулашки за децата, или изнајмување на електричните возила на Фонтана... Носталгија по места и работи кои веќе ги нема во Скопје.
Шармот на старо Скопје е посебен - некои работи и места ги доживеале само постарите генерации, а на некои накратко беа сведоци и родените во 90-тите години.
Но, поновите генерации никогаш нема да го доживеат тоа, а можеби дури и ќе им биде чудно, но има некоја магија во ретро нотата која го красеше градот.
Многу објекти се срушени и не постојат, други скапуваат и не работат, трети се целосно трансформирани и непрепознатливи.
Се потсетуваме со носталгија на некои скопски места и работи кои веќе не постојат:
Луна парк
Погледнете и Носталгија по едни убави времиња: Ретро фотки од скопскиот Луна парк
Ресторан Езерце во Градскиот парк
Изнајмување и возење електрични колички во паркови и трговски центри
Скопски саем
Плоштад „Македонија" со стариот раззеленет и цветен изглед
Ресторан Кале
Цветни улици, булевари и паркови
Цвеќарници кои порано се наоѓале како тезги на цветниот пазар на плоштад
Маси и столчиња покрај Вардар со посебен шарм, без натрупување на пешачка патека
Сендвичарница „Чичко Стоилко“
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





