Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“

Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам разни маневри за да избегнам дупки, на многу места сум присилена да возам по улица... Ах, тие скопски улици во комбинација со бебешка количка!

koga-si-go-vozam-bebeto-vo-kolichka-niz-skopje-mi-trebaat-super-mokji-01_copy.jpg

Возењето на бебенце во количка е посебен тип на задоволство и тоа убаво го знае секоја мајка, односно секој родител... Особено кога тие почнуваат да разбираат и се превосхитени од светот околу нив.

Кога гледам како моето 9-месечно бебе реагира со возбуда на сè што ќе види, тогаш и мене ме потсетува како да му се радувам на животот.

За него е магија секое среќавање на кученце или маче по патот, светлечките реклами на дуќаните, детенцето што си вози велосипед покрај нас, симпатичната бабичка на клупата и што уште не.

И кога гледам како моето дете не се ни потпира во количката, туку се вози исправено цврсто држејќи се за рачката напред и впивајќи го светот со неверојатна жед, сфаќам колку здраво за готово земаме некои работи во животот и се потсетувам одново да почнам да гледам на сè со детска игривост, да си пронаоѓам магија во сè, иако мора да признаам среќна сум што сметам дека за разлика од голем дел од возрасните луѓе, јас сè уште ја имам способноста за тоа, само ми требаше едно вакво мало 9-месечно човече да ме потсети.

И на страна магијата, на страна тоа што се потсетувам дека и најобични сцени од секојдневието треба да ни бидат причина за радост, морам да си ја споделам и маката, а верувам многу родители ќе ме разберат и поддржат.

А маката ми е:

Ах, тие скопски улици во комбинација со бебешка количка...

Ќе ме разберете, зарем не? Потребни ви се супер моќи! Ама буквалнооо!

Особено ако сте вљубеник во пешачењето како мене, па и по 10.000 чекори на ден ви се секојдневие, тогаш комплетно ме разбирате.

Постојано се симнувам и качувам на тротоар, правам разни маневри за да избегнам дупки, на многу места сум присилена да возам по улица и да сум под стрес дали некој возач на автомобил можеби нема да ме забележи...

Па, потоа паркирани автомобили на места каде што е забрането, па недоволно добро обележани пешачки премини и што уште не.

И нивото на стрес расте од 0 до 100 во рок од 10 минути по излегувањето од дома.

И станува навика и станува полесно, но тоа не значи дека е безбедно за нашите деца.

Сами ги ставаме во ризични ситуации, само затоа што местото каде што живееме не ни ги нуди основните услови за живот – да си ги прошетаме децата мирно и безгрижно на воздух.

А ако не мислиме за безбедноста на нашите најмалечки, тогаш за кого и за што ќе мислиме?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg