Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше

„Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој да дојде со мене, си реков - силна си, можеш сама! Во чекалната сфатив дека можеби и не сум толку силна - ми се насолзија очите, ми се измешаа емоции од сè што видов таму...“

sedev-sama-na-ginekoloshka-onkologija-vo-skopje-i-mi-se-placheshe-dedo-si-ja-chekashe-soprugata-majka-ja-tesheshe-kjerkata-01.jpg

Повеќе од два часа чекам за ПАП-тест на гинеколошко-онколошкото одделение на Клиника во Скопје. И додека чекав видов исплашени жени, тажни судбини, солзи... едни чекаат преглед, други се тука да си ги тешат саканите.

А сите сме со некој страв во очите... исчекување... што ќе ни каже лекарот? Дали сум добра? Дали сепак дијагнозата не е „розова“?

Зашто, едно е кога одам на гинекологија, па колку и да е непријатен прегледот брзо ќе помине, а друго е кога матичниот лекар ќе ти каже дека мора да одиш на гинеколошка онкологија зашто... ах, затоа што нешто можеби не е во ред со тебе.

И нормално, сешто ми помина низ главата, куп црни мисли, лоши сценарија, сакав да врескам.

Тргнав утрово на лекар, а нозете ми се враќаа назад. А не сакав никој да дојде со мене. Си реков - силна си, можеш!

Но, кога седнав во чекалната, сфатив дека можеби и не сум толку силна. Ми се насолзија очите, ми се измешаа сите емоции... можеби сепак требаше да ја прифатам понудата на моите да дојдат со мене.

И тогаш се загледав во луѓето околу мене. Повеќето жени, и по некој маж, кој делуваше како да му е непријатно што е таму.

sedev-sama-na-ginekoloshka-onkologija-vo-skopje-i-mi-se-placheshe-dedo-si-ja-chekashe-soprugata-majka-ja-tesheshe-kjerkata-03_copy.jpg

Па, јас, можеби дојдов сама, ама ја делам истата судбина со сите овие 30-тина жени кои чекаат заедно со мене.

Мајка си ја гушкаше ќерката и не ја испушти од прегратка цело време, како да сакаше да ѝ даде сила и да ѝ каже дека сè ќе биде во ред.

Старец седеше стрпливо и ја чекаше својата сопруга која се задржа повеќе од останатите пациентки.

А тој, де ќе погледнеше во своите раце, де погледнуваше кон вратата, да не случајно ја „пропушти“.

Кога ја здогледа како излегува, иако оставаше впечаток дека е изморен и изнемоштен, притрча да ја фати за рака.

Имаше и жени што не се познаваат, ама си се „куражеа“ со позитивни зборови, си ги споделуваа своите судбини. Усните им се смееја, ама во очите имаа страв.

sedev-sama-na-ginekoloshka-onkologija-vo-skopje-i-mi-se-placheshe-dedo-si-ja-chekashe-soprugata-majka-ja-tesheshe-kjerkata-02.jpg

Не знам што им кажал докторот на сите нив и не знам каде ќе тргнат од оваа чекална - дома со убави вести дека се добри, или на некој друг кат да закажат интервенција.

Јас, за среќа, дознав дека сè е во ред со мене. Олеснување што не се опишува.

Но, во тој момент си ставив уште еднаш потсетник во главата дека редовните контроли се важни, колку и да не сакам да одам на гинеколог (не само јас, туку и сите жени).

П.С. Се надевам дека бабичката е добра и дека уште долго ќе се држат за рака со дедото кој повеќе од еден час ја чекаше загрижен.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg