Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки

„Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со украсни шноли во косата, во елегантни балски фустанчиња плачеа дека 'мајка им им облекла погрешни чевли'. Само мојата ќерка се 'фрцкаше' во здолниште полиено со супа и си играше со еден гумен еж...“

srekjata-za-sekogo-e-neshto-razlichno-za-edni-toa-e-sovrsheno-ischisten-dom-za-drugi-lice-bez-brchki-01.jpg

Отидов да на гости кај мојата пријателка Тања и се зачудив.

Сè кај неа дома е толку совршено и убаво, што сакам да ја прашам каде да купам билет за овој музеј. И сè е толку чисто, што сакам да земам скалпел и да почнам да оперирам. Тоа не е стан, туку рај за перфекционистите.

Книгите се подредени по големина. Разнобојните свеќи на полиците одговараат на тонот на завесите. Колачите во чинијата се во иста боја со тапетите. Шармантно.

„Извини, немав време да расчистам“, ми вели пријателката и ја подместува асиметрично поставената украсна перница на модерниот троседот.

Се шегува, си помислив. Ме зафркава?

„Нема врска, ќе издржам“, ја прифатив играта.

Лично, ниту еден ден не сум живеела во таков ред и сигурно никогаш нема да живеам вака.

Мојата куќа е олицетворение на хаосот: сите трчаат некаде, расфрлаат, забораваат шолји недовршено кафе, додека од под креветот ѕиркаат чорапи, а куклите се тркалаат по подот во божествен неред, како и учебниците на мојот син.

И сакам некој еднаш да ги собере сувите алишта, зашто немам кога, оти чистам по мачката која поврати на троседот.

Кога тргнував накај Тања ја турнав закачалката, претрупана со секаква облека, не само јакни и палта.

„Нешто не е во ред со мене“, си помислив додека уживав во убавината на станот. Претпоставувам дека само надлуѓе живеат како во списание...

Јас никогаш не би можела да го направам тоа.

srekjata-za-sekogo-e-neshto-razlichno-za-edni-toa-e-sovrsheno-ischisten-dom-za-drugi-lice-bez-brchki-04.jpg

Следното утро се скарав со ќерка ми. Има четири години, а тоа е возраст кога почнува да протестира.

Во градинка кај неа планирале свечено фотографирање, па децата требале да се облечат убаво. Моето девојче ги фрлаше фустаните еден по друг и си го бараше омиленото здолниште, она што вчера го ставив за перење затоа што го потури со супа.

Објаснував, ја молев, убедував. На крајот се изнервирав, го извадив од корпата за валкани алишта здолништето на кое супата веќе беше исушена и не се гледаше, па ќерка ми веднаш се израдува. Таа се облече послушно и весело, и среќна отиде во градинка.

За секој случај, понесов и убаво фустанче, ако се премисли.

Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со машнички и украсни шноли во косата, во елегантни балски фустанчиња плачеа дека „мајка им им облекла погрешни чевли“ или дека „им е жешко“.

Само мојата ќерка се „фрцкаше“ во здолниште полеaно со супа и си играше со еден гумен еж.

Ги слушав мајките како меѓу себе дебатираа дали треба да се пеглаат гаќичките и маичките на децата. Повеќето мислеа дека треба затоа што „ткаенината станува помека по пеглањето“, на крајот на краиштата „пеглаат секој ден“.

Сакав да се скријам под клупата од срам. Никогаш во животот не сум испеглала гаќи, ни мои, ни туѓи, а главен критериум кога бирам облека е таа да е удобна и да не се гужва.

Една мајка на лице место ѝ ја пеглаше машната на својата ќерка.

Нешто не е во ред со мене, си помислив гледајќи ги девојчињата во совршени фустани. Веројатно само надлуѓе живеат така и секојдневно пеглаат...

Јас никогаш не би можела да го направам тоа.

srekjata-za-sekogo-e-neshto-razlichno-za-edni-toa-e-sovrsheno-ischisten-dom-za-drugi-lice-bez-brchki-02.jpg

Ја бакнав косата на ќерка ми. Мирисаше на чадено месо. Тоа беше всушност супата од грашок.

„А да го облечеме фустанот? Погледни колку е убав“, ѝ реков.

„Не сакам“, рече мојата принцеза.

Не инсистирав. Сакам на фотографијата да биде расположена како што е сега, наместо да е убава, а расплакана.

За многу години од сега ќе ја гледам таа фотографија и ќе уживам во нејзината слатка флертувачка насмевка и блескави очи. Нема ни да го забележам здолништето, а на супата целосно ќе заборавам.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg