Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“

Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ или работите ги прави со „пола душа“, кожата ми се ежи...

koga-sakam-da-ne-se-nerviram-si-velam-alo-ne-e-na-tatko-ti-01.jpg

Некако цел живот емоциите ги чувствувам многу позасилено од другите.

Кога е убаво, тогаш ми е двојно поубаво од на другите, но кога за другите е лошо, за мене е ужас.

Кратко ми трае, брзо ми поминува, и радоста и тагата, но во екот на емоциите клучно е сама на себе да си кажам – „Самоконтрола! Имај самоконтрола на срцето свое си штетиш“.

И додека другите ќе исперципираат нешто со рамнодушност, за мене тоа носи бура од емоции.

Па, така кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“, или како седи на горниот дел од клупата со стапалата ставени на делот каде се седи и каде утре други луѓе ќе седат, како ги прави работите со пола душа од што така е редот, а не со елан и љубов, тогаш мене душата ми се корне.

Реагирам емотивно и на банални неправди, како случајно поткраднување од касиерката во маркет, незастанување на пешачки на мајка со бебе или туркање во автобус на изнемоштена бабичка.

И некако по автоматизам ми доаѓа да кренам глас, да се вмешам, дури и кога тоа воопшто не ме засега мене. Цел живот некоја си битка со ветерници и терање правдина каде што ја нема.

Секогаш загриженост дали некој е оштетен, дали тој некој има доволно сила да се избори за себеси.

Секогаш прашања зошто не живеат како да нема утре, зошто не сакаат како да нема утре, зошто не работат како да нема утре.... Не знам, но мене тоа ми е стилот на живот, тоа ми е темпото, тоа ми е движечката сила.

И често мојот животен стил ми создава и нервоза и неволји и конфликти.

И тогаш си велам „Ало, што се нервираш, па таа личност не ти е сестра, тој имот не е твој, ниту таа компанија е на татко ти... До кога ќе ги сфаќаш работите толку лично?

Диши длабоко, релаксирај се, што можеш промени, но што не можеш прифати – не е сè во твои раце.

Фокусирај се на убавото, а борбата со ветерници остави ја за некој нареден живот, ако постои – овој е краток и не вреди да го прокоцкаш“.

Учи од другите – иако можеби така не треба!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg