„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“

„Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила за ниту една друга елка“

elkata-shto-ja-ukrasuvame-sekoja-godina-e-mnogu-stara-no-za-mene-e-posebna-01.jpg

Оваа елка е стара. Толку е стара што веќе не можеме да ја расклопиме.

Ги вадиме украсите и лампионите, ја виткаме со најлонска фолија и ја тргаме настрана во еден дел.

Но, оваа елка е посебна.

Ова е мојата прва вештачка елка.

Ја купив бидејќи живеев во мала куќа со мал убав камин.

Требаше да избирам – или (голема) природна елка, или камин. Дневната соба не беше доволно голема за двете.

elkata-shto-ja-ukrasuvame-sekoja-godina-e-mnogu-stara-no-za-mene-e-posebna-02.JPG

Малата масичка под елката ја направи татко ми кој почина пред 36 години.

Килимчето во црвена, зелена и бела боја го сплете мајка ми, кога првпат си заминав од дома пред 40 години.

Таа почина пред 10 години.

elkata-shto-ja-ukrasuvame-sekoja-godina-e-mnogu-stara-no-za-mene-e-posebna-04.JPG

Сите лампиони се посебни. Многу се направени рачно, многу ми се подарени, а сите се посебни.

На мојот син со попреченост му ја раскажував приказната за секој лампион додека ја украсувавме елката, а тој само превртуваше со очите бидејќи го прекинував во гледањето цртани.

Но, уживаше – честопати забележувавме како гледа во елката кога мислеше дека никој не гледа во него.

Тој почина пред осум години.

Мојот живот е многу поразличен отколку кога првпат ја украсив оваа елка.

elkata-shto-ja-ukrasuvame-sekoja-godina-e-mnogu-stara-no-za-mene-e-posebna-03.JPG

Многу често некој ќе сподели фотографија од неговата елка и ќе се извини бидејќи можеби не била убава како елките на другите.

Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила за ниту една друга елка.

Сакајте ги вашите празнични декорации и гордо споделувајте ги фотографиите.

И, ако сакате да оставите коментар за нечија елка, или бидете добри, или само одминете ја објавата.

Сите го даваме најдоброто од себе.

Извор

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg