Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги заработив“

„Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка за нејзината борба. Ме чуваше сама, даде сè од себе да имам добро образование, се трудеше да направи добар човек од мене“ - напиша моделот и инфлуенсерка Илариа Кирилов во нашиот лексикон.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-01.jpg

Илариа Кирилов, е еден од најангажираните модели кај нас.

Таа работи како модел во Македонија и во соседството, а нејзиниот лик можете да го видите на многу реклами, билборди, во рекламни кампањи.

Илариа, која е и модел и инфлуенсер, како мала сакала да биде докторка, но задоволна е што денес има професија која е и креативна и секојдневно носи свежина.

За својата мајка вели дека ѝ е идол, бидејќи самата се грижела за неа и ја израснала во добар човек.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-15.jpg

Илариа се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Илариа Кирилов, прекар ми е Лаки.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп? 

Имам 27 години, родена сум на 7 август 1997,а во хороскоп сум Лав.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Омилена песна ми е Tango to Evora.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-19.jpg

4. А омилена книга?

Класиците се секогаш мој избор. За мене ненадминат е Достоевски и „Злосторство и казна“.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Имам повеќе што ми се допаѓаат.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Како тинејџерка многу сакав и практикував спорт. Бев добра во одбојка. За жал го оставив спортот.

Сметам дека е многу добро да се занимаваме со спорт, затоа што е непобиено правилото - Во здраво тело, здрав дух.

Поради тоа не се откажувам од спортување, одам често во теретана, вежбам, пешачам. Се трудам да бидам максимално активна.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-13.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имаме пудлица. Се вика Лира. Ја обожавам. Зрачи со добрина, а има манири на права дама.

8. Која е најчудната/најглупавата порака што си ја пратила некому по грешка?

За чудна порака не ми текнува во моментот.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Сакав да бидам докторка. И сега ми се допаѓа таа професија ама сепак се определив за професија во која има креација, во која секојдневно може да се внесе новост и свежина.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-12.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Омилен пијалак (или напиток) ми е чај од јасмин.

Алкохол не ми влијае добро баш, а не сум љубител ни на кафе.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Во секоја моја другарка или другар сум нашла нешто единствено што го има само тој.

Ги имам малку ама вредат и сум спремна за нив да дадам сè што можам ако е потребно.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одлична ученичка во гимназијата Јахја Кемал. Со радост се сеќавам на средношколските денови.

Имавме добри професори и имаше што да се научи од нив. Особено беше добар професорот Омер по англиски јазик.

Постојано пишувавме есеи. Ми беше тешко, ама сега сум благодарна што толку инсистираше да бидеме што подобри.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-06.jpg

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Мој идол е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка за нејзината борба.

Ме чуваше сама, даде сè од себе да имам добро образование, се трудеше да направи добар човек од мене.

Се надевам дека успеала во нејзината мисија, а времето ќе покаже дали е така.

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Многу сакав цртани филмови. Тие се битни за формирање на детската фантазија.

Па еве можеби, убавата сирена ми беше лик со кој сакав да се поистоветам.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Што се однесува до игрите во детство, имав многу другари. Кај мене дома беа стално повикани. Бескрајно бев среќна.

Мајка ми ни ги правеше најубавите сендвичи. Важно беше да сме заедно, а игрите беа секогаш интересни.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg