Искра од Скопје за животот во Брно: „Ако дојденец стапи во брак со Чех - доаѓа љубовна полиција, Чесите мразат поздрав со гушкање“

„Во Македонија имаше еден долг тежок период, кога се чувствував како пеперутка на која ѝ ги кратеа крилјата, со секој обид да напредувам. Затоа, истиот ден кога магистрирав на ФЕИТ, заминав. Пакувањето ми беше како песна - „Ода на радоста“...“, вели Искра (37) од Скопје за својата преселба во Брно за CRNOBELO.com.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-01.jpg

Искра Р. (37) од Скопје веќе 10 години живее во Брно, Чешка. Последните 5 години работи како Линукс Архитект и е дел од организацијата Woman in Tech, Macedonia, која има за цел да ја доближи технологијата и претприемништвото до жените и младите девојки во Македонија.

Искра пред да се одлучи за Брно, живеела кратко во Виена, каде наизменично после работа, го усовршувала германскиот јазик. 

Инаку, Македонија ја напуштила по магистрирањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-04.jpg

Искра за CRNOBELO.com открива како ѝ изгледа животот во Брно и како се снашла на поле кариера таму:

Како е да се будиш во Брно? Има ли метеж додека одиш на работа или е тивко и мирно и се слушаат птици? Што ти се допаѓа најмногу, а што најмалку?

„Dobré ráno z Brnа“ (Добро утро од Брно)... На само 15 минути од центарот, мојот дом е опкружен со зимзелени дрвја, од кои, во оваа годишна доба се слушаат славеи, а сигурно и ако погледнам поубаво, ќе забележам и пар од верверици, како разиграно меѓу гранките си покажуваат љубов.

Поради големата љубов кон здрав живот, велосипедистите не губат можност за рекреација, додавајќи му еден поинаков шмек на времето додека патуваат до работното место.

Од друга страна, метеж е непостоечки термин во Брно... Дали е трамвај, автобус или тролејбус доаѓа точно во 11:23, прво се симнуваат патниците, а потоа се качуваме ние од надвор. Некултурно е обратното.

Додека се возиме, се почитуваат постарите личности. Се очекува во најмала рака, да им се предложи да им го отстапите местото за седење.

Сметам дека оваа вградена култура на социјална почит меѓу луѓето ми е една од омилените карактеристики на интерперсоналните односи во Брно.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-12.jpeg

Како една млада девојка преселена во друга земја да се снајде? Кои се клучните три работи кои ги направи по преселбата?

Јас карактерно сум снаодлива, но препорачувам да покажеш желба да се дружиш со сите националности е клучно. Така доаѓа да имате помош од пријатели во моменти кога ќе биде тешко.

Никој не е создаден за да успее сам.

Од професионална помош досега ми помогнале следните 3 клучни контакти:

Foreigners.cz - помош во врска со легални прашања, продолжување на виза итн.

Centre for foreigners JMK - за интеграциски курс и бесплатно изучување на чешкиот јазик.

Foreigners in Brno - социјална страна на Фејсбук со практични одговори од секојдневниот живот. 

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-03.jpg

Дали Брно е подобро место за живот од Прага, според тебе?

Во Брно има околу 600.000 регистрирани жители, а сметам дека таа бројка опаѓа на околу 380.000 во текот на лето, кога студентите се враќаат дома.

Се чувствувам безбедно во секоја доба од денот. Акцент ставам на одличниот транспортен систем, кој овозможува да стигнам од точка А до точка Б во рок од 30 минути.

Има забавни програми кои ги организира градот за нас, на пример огнометите на езеро „Ignis Brunensis“ (Игнис Брунензис) 13-25 јуни, Фестивал на планетите пропратен со летно кино 7-13 јули и 4-10 август.

Трошоците за живот се за 15% поповолни од Прага, а работа од дома е тренди, макар и да работиш за компанија со седиште во Прага.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-05.jpeg

Зошто не ја избра Прага?

Брно е стратегиски позиционирано на само 1.5 час до сите главни градови од соседните држави.

За да стигнам од Брно до Братислава (каде е аеродромот од кој имам конекција за Скопје) ми требаат 1:45 минути од дома, додека од Прага - би ми требало минимум 7 часа.

Прага ја посетувам во тек на бизнис патувања и конференции, со тоа балансирам.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-02.jpg

Тешко ли е да се спакуваат куферите и да се напушти Македонија? Чувствуваш ли носталгија, доаѓаш ли често?

Во Македонија имав еден долг тежок период, кога се чувствував како пеперутка на која ѝ ги кратеа крилјата, со секој обид да напредувам.

Си споменувам на два настана, кои силно ме потресоа... Првиот, е во врска со Еразмус студентска размена. Бев 2-ра година на Економски факултет, веќе знаев германски како втор јазик и почувствував дека координаторката си поигра со мене.

Таа еднаш ме врати, бидејќи сум дошла многу рано да аплицирам, а следниот пат ме врати затоа што сум дошла многу доцна.

Додека другиот настан, за кој си ветив дека ќе биде последен пат да дозволам некој за мене да одлучува, беше на интервју во банка. На крајот на испитниот лист стоеше празно место да наведеш познат. Не сакав да го напишам името, сметав дека тоа не е фер.

Благодарна сум дека многу рано сум научила што јас сакам и што ме прави среќна.

Затоа, истиот ден кога магистрирав на ФЕИТ, заминав. Ги оставив професорите да се забавуваат, а јас веќе бев на половина пат до Брно, а пакувањето ми беше како песна - „Ода на радоста“.

Благодарна сум на мојата фамилија бидејќи со благослов ме испратија. Фреквентните летови Скопје – Братислава на WizzAir ми дозволуваат да ги посетувам по желба.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-16.jpeg

Продолжува на следната страница....



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате д... „Првата година по преселбата е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина н...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е... „Како што чекорев низ Централ парк, препознавав локации од Home Alone, а видов и...
Го посетив замокот Голубац кој е на 5 часа возење од Скопје - Што ме импресионираше кај „скапоцениот... Го нарекуваат „скапоцениот камен“ на Србија, а многу од луѓето во регионот не зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg